Црна хроника
Велосипедист прегазен од пијан возач во Охрид
Едно лице загина во Охрид во четвртокот попладне, откако бил удрил додека возел велосипед од возила кое го управувало пијан возач.
Несреќата се случила во 17,00 часот на улицата „Радојца Новичиќ“ кога ПМВ „Пасат“ со охридски регистарски ознаки управувано од Ќ.Н. (53) од Охрид удрил во велосипед управуван од Здравко Н.(62) од Охрид кој од здобиените повреди починал во болницата „Св.Еразмо“.
Над Ќ.Н.(53) извршено е алкотестирање при што утврдени се 1,08 промили алкохол во крвта.
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. Врз патничкото возило и велосипедот ќе бидат извршени вештачења како и обдукција над телото на сега починатиот. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

