Европа
Путин топло примен во Унгарија, и покрај заладувањето со ЕУ
Рускиот претседател Владимир Путин во текот на неговата посета на Будимпешта продолжување на испораките за Унгарија на рускиот гас со што беа потврдени добрите односи меѓу двете земји, додека поголемиот дел од Европската унија, чија членка е и Унгарија, ги залади односите со Русија следејќи го примерот на САД и обвинувајќи ја за нејзината наводна улога во кризата во Украина, недвосмислен е заклучокот по разговорите договори во вторникот вечерта меѓу рускиот челник и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Западните медиуми истакнуваат дека самиот факт што Путин ја посети Унгарија ги истакнува тие односи, бидејќи рускиот претседател не престојувал во билатерална посета на некоја земја од Европската унија од јуни 2014 година, кусо пред уривањето на малезискиот патнички авион во рускојазичниот побунет исток на Украина, за што Запад и покрај немањето докази, напротив во обратна насока, ја обвини Москва и од неа поддржуваните рускојазични бунтовници во Украина.
По неколкучасовните разговори Путин и Орбан на заедничката прес-конференција изјавија дека постигнале договор за продолжување на испораките на рускиот гас кој истекува годинава. Додадоа дека потребно е уште да се уредат некои технички поединости пред тој да биде потпишан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е решен еден голем камен на сопнување, клаузулата во досегашниот договор која предвидуваше дека Унгарија мора да плати за нарачаните количества гас иако не ги искористила. Додеаде дека Унгарија сеа може да го употреби преостанатото количество гас според договорот следните години и да плати кога ќе ги повлече тие количества.
Орбан, исто така, ги критикуваше оние кои се обидуваат да ја изолираат Русија на меѓународната политичка сцена, што е став кој е дијаметрално спротивен од оној што декларативно го заговараат челниците во Европската унија.
„Мислам дека исклучувањето на Русија од Европа не е рационално. Секој што мисли дека Европа може да биде конкурентна, дека европската економија може да биде конкурентна без економска соработка со Русија, секој што мисли дека Европа може да има енергетска сигурноста без енергијата којашто доаѓа од Русија, тој лови сеништа“, порача унгарскиот премиер на прес-конференцијата.
Орбан и Путин пред новинарите потврдија дека ќе го продолжат наследникот на проектот „Јужен поток“, гасоводот кој требаше да го пренесува рускиот гас до јужна Европа, кој го прекина Москва . Притоа Путин уште еднаш повторни дека тој проект е невозможно да се продолжи во претходниот облик, појаснувајќи дека е прекинат поради притисоците од Брисел. Единствената можност за којашто разговарале двајцата челници е да се продолжи предложениот руски гасовод во Турција во гранки коишто ќе го пренесуваат гасот низ Грција и Балканот до Унгарија, што би претпоставило дека таков крак би минувал низ Македонија.
„Доколку тие (Европската комисија) повторно не не’ спречат, тогаш во основа можеме да реализираме дек од поранешниот проект ‘Јужен тек’ преку Турција“, рече Путин.
Доближувањето на Унгарија водена од Орбан кон Русија има своја политичка цена, коментира Reuters и додава дека многу западни дипломати, во прв ред американските политичари, велат дека се вознемирени од тоа што го оценуваат како лизгање на унгарскиот премиер во орбитата на Кремљ.
На домашната политичка сцена врските со Русија се чувствителна тема, бидејќи Унгарија по Втората светска војна беше во сферата на влијанието на Советскиот сојуз, а антикомунистичкото востание до 1956 година, беше задушено од тенковите на Црвената армија. Затоа во понеделникот навечер, цели 24 часа пред доаѓањето на Путин во Будимпешта против неговата посета протестираа околу илјада луѓе. Меѓутоа, последните години Унгарија има одлучни економски врски со Русија, и е една од малубројните земји кои остваруваат позитивен трговски биланс./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

