Свет
ЕУ ја повика Грција да ги оспори неоснованите обвинувања за криење на податоци за јавниот долг
Европската унија (ЕУ) во средата ја повика Грција да ги оспори наводните неосновани обвинувања дека грчкиот статистички завод криел податоци околу јавниот долг, со што им помогнал на странските кредитори, пренесуваат светските агенции.
Грчките политичари, вклучувајќи ги и оние од владејачката левичарска коалиција, тврдат дека поранешниот челник на грчкиот статистички завод, Елстата Андреас Георгиу можеби им помогнал на странските кредитори преку преувеличувањето на податоците за грчкиот јавен долг.
Против Георгиу во 2013-та година беше покренато обвинение во кое се тврди дека тој ги преувеличил бројките во податоците за грчкиот буџетски дефицит во 2009-та година, пренесува SEEbiz.
Случајот беше во мирување се додека Врховниот суд во првата половина на август повторно покрена истрага поради основано сомнение дека Георгиу манипулирал со податоците за јавниот долг. Тој ги отфрла обвинувањата, а минатата година си замина од челната функција во грчкиот статистички завод, на која беше пет години, во периодот додека должничката криза во Грција беше во својот врв.
Во случајот сега се вмеша и ЕУ, и тоа преку еврокомесарот за социјална политика, Маријан Тисен, во чија надлежност е и европскиот статистички завод. Наведувајќи дека не сака да се меша во работата на правосудството, Тисен порачала дека обвинувањата против Георгиу се де факто неосновани, и додала дека грчката влада мора активно и јавно да ги оспори овие тврдења и да го заштити Георгиу и неговите вработени од можните последици.
Тисен потенцирала дека доколку грчката влада не го направи ова, тогаш и онака кревката веродостојност на грчката држава кај меѓународните кредитори ќе претрпи уште поголема штета./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“
Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.
Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.
Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.
„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.
„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.
Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.
До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.
Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.