Европа
Разговорите Путин – Порошенко ’позитивни’, се очекува продолжување

Разговорите на рускиот претседател Владимир Путин и неговото украински колега Петро Порошенко, со европските челници во петокот во Милано биле „позитивни“ и „конструктивни“, а како најави Кремљ, двајцата претседатели би требало да ги продолжат разговорите подоцна во текот на денот.
Разговорите на рускиот претседател Владимир Путин и неговото украински колега Петро Порошенко, со европските челници во петокот во Милано биле „позитивни“ и „конструктивни“, а како најави Кремљ, двајцата претседатели би требало да ги продолжат разговорите подоцна во текот на денот.
Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, се сретнаа на маргините на самитот на европските и азиски земји (ASEM), во присуство на домаќинот на самитот, италијанскиот премиер Матео Ренци, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и највисоките функционери на Европската унија, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.
Учесниците на оваа средба, којашто се смета за една од најважните и најочекувани на миланскиот самит, подоцна во поединечни изјави ги оценија разговорите како позитивни, но, според оцените на агенциите, се чини дека не е постигнат пресвртнички напредок во решавањето на кризата во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави во Москва за агенцијата РИА Новости дека е договорено продолжување на разговорите неколку часа по завршувањето на самитот на ASEN, на кој освен Путин и Порошенко ќе учествуваат и германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Оланд.
Изразувајќи сепак оптимизам, тој оцени дека преговорите одат тешко и со многу разногласие. „Преговорите, искрено, се тешки, со многу разногласија, целосно неразбирање. Сепак, тие се движат, постои размена на мислења“.
Договорено е неколку часа по завршувањето на самитот на ASEM да продолжат преговорите за Украина, меѓу четворицата челници“, изјавил Песков.
„Беше добро, беше позитивно“, изјави Путин по средбата.
Домаќинот на утринскиот состанок, италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека на разговорот е постигна „чекор нанапред“ кон решавање на кризата во Украина. Според него, разговорите биле „конструктивни“, и било усогласено дека е неопходно целосно да се спроведе мировниот план за источна Украина договорен на почетокот од септември во белоруската престолнина Минск.
„Не можеме да прифатиме нестабилна Украина и ќе сториме сé што можеме а да ја вратиме надеждта во Украина, но важно ни е повторно да ја вклучиме Русија во меѓународните односи“, изјави Ренци, пренесе агенцијата Ansa.
Британскиот премиер Камерон за медиумите оцени дека средбата била „позитивна’. „Претседателот Путин рече дека сака да го ’замрзне конфликтот’, и дека не сака поделена Украина“, рече Камерон,.додавајќи дека „доколку тоа е така, Русија мора да ги повлече сите свои војници и сето оружје од Украина, да ги почитува сите мировни договори, и да ги признае резултатите од легитимните (парламентарни) избори во Украина. Доколку тоа не се случи, јасно е дека Европската унија мора да ги задржи санкциите кои ги воведе против Русија“, рече британскиот премиер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин