Црна хроника
Во тепачка скршена вилица на ученик од угстителското училиште
Двајца ученици на средното угостителско училиште во Скопје, во село Батинци се степале, при што едниот завршил на Клиниката за максилофацијална хирургија со кршена вилица, соопшти МВР.
Двајца ученици на средното угостителско училиште во Скопје, во село Батинци се степале, при што едниот завршил на Клиниката за максилофацијална хирургија со кршена вилица, соопшти МВР.
Имено, во вторникот, околу 10 часот од Клиничкиот центар – Скопје било пријавено дека на Максиофацијална хирургија било донесено повредено шеснаесетгодишно момче од село Батинци ученик во средното Угостителско училиште „Лазар Танев“.Шеснаесетгодишникот физички бил нападнат од соученик и соселанец во непосредна близина на училиштето, при што му нанел тешки телесни повреди, скршеница на вилица. Тој е задржан за понатамошно лекување. СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

