Свет
Во 2016-та не избувнала ниедна нова војна во светот
Во 2016 година е првата година во само неколкуте во која не избувнала ниедна нова војна или нов вооружен судир, и покрај триесетината кои и натаму се водат ширум светот, покажува резултатот од истражувањето објавено во средата во Германија.
На Блискиот исток и во југоисточна Азија и натаму траат дванаесет оружени конфликти, во Африка има десет судири, а во Азија има осум, објави AKUF, истражувачка група при универзитетот во Хамбург којашто се занимава со судирите во светот.
Во моментов нема судири во Латинска Америка и во Европа. Годинава, пак, најмногу жртви има во граѓанската војна во Сирија, којашто ги надмина границите на земјата и се претвори во регионален судир кој го потресува светот.
Истражувачите нагласуваат и дека во текот на годинава што изминува викендов, неколку конфликти се смириле.
Особено се истакнува оној во Колумбија кој беше најдолгиот на западната хемисфера, 52-годишниот вооружен конфликт во кој загинале најмалку 260.000 луѓе, над 60.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени, откако минатиот месец тамошната влада потпиша мировен договор со герилското движење Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC). За ова постигнување колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја доби Нобеловата награда за мир./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

