Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Иванов прецизно ги лоцираше проблемите, но очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста за нив
Претседателот Ѓорге Иванов сосема точно и прецизно ги лоцираше проблемите со кои што се соочи Република Македонија во текот на 2016-та година, како на домашен, така и на меѓународен план, изјави во четвртокот членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Пораките на претседателот Иванов, дека нема да се согласи со било какво редефинирање на Република Македонија во насока на бинационална држава, кантонизирање или било кое друго редефинирање е пораки кои што треба да стигнат до секој одговорен и совесен политичар во државата и пример затоа како се бранат националните и државни интереси, додаваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ во целост се согласува со ставот на претседателот Иванов, дека е недозволиво за политички или за лични цели некој во недостаток од реална програма да тргува со националните интереси за своја користољубива корист. Република Македонија точно е дека е мултиетничко и мултијазично и мултиверско општество но пред се е унитарна држава и во интерес на сите граѓани е да ја зачуваме унитарноста и стабилноста на Република Македонија.
Обраќањето на Иванов беше обединувачко и помирувачко, што дефинитивно му е неопходно на македонскиот народ и на македонските граѓани, и сметаме дека неопходно на овој начин и со вакви помирувачки тонови треба да дадеме пример и на другите политичари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак од претседателот Иванов очекувавме поконкретно да ја посочи одговорноста која што треба да претходи на било кое политичко или национално помирување. Мора да биде точно лоцирана вината за насилните вандалски протести, за уништување на државен имот, за уништување на културно наследство, за уништување и деградирање на институции. И затоа треба уште еднаш ќе напоменам да се посочи точно одговорноста кој ја злоупотребува политичката позиција за тргување со националните интереси во предизборниот и во постизборниот период, изјави Милошоски.
Граѓаните на изборите на 11-ти декември го имаа својот глас и ја изразија својата волја. Волјата беше дека се определени мнозинството граѓани за стабилна и унитарна, економски напредна Република Македонија. Граѓаните му покажаа и на господинот Зоран Заев дека со својата деструктивна политика не може да победи. И затоа сметаме дека волјата на граѓаните треба во целост да се почитува. Сметаме дека политиката на деструкција е поразена и дека оваа лекција ќе биде научена лекција за сите други политичари. Колку ќе бидеме поодговорни политичари и посплотени и како народ толку ќе имаме посреќна Нова Година. Колку ќе имаме подеструктивни политики толку следната година ќе ни биде посложена и потешка, додаваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ во својот дел на одговорноста ќе направи максимално се во своја моќ да имаме стабилна, развиена и напредна Република Македонија со стабилна Влада избрана според волјата на граѓаните, порачуваат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по повод големиот христијански празник Велигден до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски-македонски г.г. Стефан и до сите православни верници, посакувајќи празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.
-Христовото страдање за човештвото и неговото воскреснување треба да ни помогне заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици. Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, истакнува спикерот Митрески.
На овој Велигден, се нагласува во честитката, да ги искористиме празничните моменти и да споделиме радост и среќа во семејството, помеѓу нашите најблиски, пријателите, познаниците, но и сите оние на кои им е потребна помош и поддршка.
-Да споделуваме, да пружиме рака, да шириме добра мисла и љубов и да му се радуваме на животот. Велигден, како празник на надежта, нека донесе благосостојба и сплотеност во нашите срца за сите, независно на која вероисповед припаѓаат. Заедно да посакаме подобар свет, повеќе емпатија и разбирање, свет без конфликти, со тенденција сите недоразбирања да се решаваат со дијалог и компромис, стои во честитката од претседателот на Собранието Митрески до поглаварот г.г. Стефан и до православните верници.
Македонија
Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по повод големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден.
-Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Љубовта на Бога кон човека е неизмерна, се наведува во честитката.
Воскресението, се наведува понатаму, е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.
-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација. Христос Воскресе! За многу години Велигден!, стои во честитката од претсдеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Македонија
Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.
„Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина.
Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро.
Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.