Свет
Кремљ ветува соодветен одговор на постапките на САД, Обама се заканува со нови акции
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави дека сé уште не може да каже во што ќе се состои рускиот одговор на американските санкции воведени против руски компании и физички лица, како и протерувањето на 35 руски дипломати од САД во четвртокот и затворање на две руски згради наводно поради руското мешање во американскиот изборен систем, но истакна дека тој ќе се базира на начелото на реципроцитет.
„Засега не можам да кажам каков ќе биде одговорот. Иако, како што знаме, не постои никаква алтернатива за принципот на реципроцитет. Се разбира, ќе биде даден соодветен одговор. Овој одговор ќе биде формулиран во согласност со насоките коишто ќе ги одреди претседателот на Руската федерација“, изјави портпаролот на Крем во четвртокот вечерта за новинарите, пренесе агенцијата РИА.
Според Песков, соодветната и заснована на принципот на реципроцитет реакција на Москва ќе доведе до тоа на американската страна да ѝ биде зададена „значителна непријатност“.
„Оттаму засега нема потреба од брзање (во реакцијата). Но, во секој случај, одлуката за носењето такви потези ќе ја донесе рускиот претседател“, додал портпаролот на Кремљ и посочил дека Москва жали поради ваквата одлука на Вашингтон.
Руското министерство за надворешни работи засега се ограничи на оцената дека американските санкции се контрапродуктивни за билатералните односи.
Како што објавија претходно во четвртокот вечерта американските медиуми, американскиот претседател Барак Обама кој за три седмици ќе ја напушти должноста, го наредил протерувањето на 35 руски дипломати и воведување санкции за руските разузнавачки служби, Федералната служба за безбедност (ФСБ) и воената Главна разузнавачка управа (ГРУ) за кои верува дека се вмешале во американските избори во полза на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и други републикански кандидати.
Обама изјави дека тоа не се сите санкции и предупредил дека САД „ќе преземат и други мерки кога за нив ќе дојде времето, вклучително и оние коишто нема да бидат објавени јавно“, алудирајќи најверојатно на кибернетички напади или други субверзивни активности, проценуваат медиумите.
Во соопштението кое ги издаден од Хаваи, каде се наоѓа на одмор, Обама ги повикува „пријателските и земјите сојузнички“ на САД „заедно да работат на спротиствување на руското поткопување на добрите меѓународни обичаи и вмешувања во демократските процеси“, пренесува Reuters.
Претходно беше објавено дека на руските разузнавачки службеници, кои според билатералните договори дејствуваат на територија во однос на трети земји или организации, од петок ќе им биде ускратена можноста да ги користат двете згради во Њујорк и Мериленд, а прогласени се за непожелни 35 руски дипломати, наводно поради притисоци кои ги трпеле американските дипломати во Москва.
Мерките кои Обама ги воведува последните денови од својот мандат, вклучително и тензиите кои ги предизвика неговата администрација со традиционалниот сојузни Израел, се нов удар врз американско-руските односи кои се силно затегнати поради несогласувањата околу кризите во Украина и Сирија, коментира AFP.
Обама претходно објави дека „ќе ѝ одговори на Русија“ откако беа хакирани компјутерските системи на неговата Демократска партија а на WikiLeaks се појавија доверливи преписки на функционери на партијата кои предизвикаа серија оставки во неа. Обама и демократите за овие истекувања ги обвинуваат руските хакери кои наводно дејствувале по налог на Кремљ за да му се помогне на Доналд Трамп, кој најави подобрување на односите со Русија, во трката со Хилари Клинтон.
Избраниот американски претседател Доналд Трамп и други челници на Републиканската партија изјавија дека не веруваат во ваквите обвинувања. Имено досега не им се понудени никакви докази за тоа. Нејасно е дали Трамп по 20-ти јануари, откако ќе ја преземе должноста ќе направи измени во овие мерки.
Ви изјавата Обама го потврди и претходното пишување на руските медиуми дека дал наредба за санкции на девет ентитети и поединци, вклучително и двете споменати разузнавачки агенции, и компании кои наводно давале материјални поддршки за информатичките операции. Американското министерство за финансии, исто така, под санкции стави двајца Руси кои ги обвинува за хакирање со цел да приберат капитал или лични податоци./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

