Контакт

Македонија

Многу насмевки на новогодишниот базар во Скопје

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Град Скопје подари насмевки и радост на илјадниците граѓани кои го посетија Новогодишниот базар „Подари среќа“ што траеше осум дена.

Улица Македонија овие денови беше место украсено и исполнето со божиќен и новогодишен амбиент. Посетителите можеа да купат рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи.

За најмалите беше организирана новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и претставата Брашко, дружење со Петко и магични настапи. Најголемото изненадување и најмногу радост им донесоа интересните детски игри лоцирани во детското катче.

На After-work забавите граѓаните беа загревани од Back Door Band, Sarah Mace, ConTruDј, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд, а музика пуштаа Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и многу други познати македонски Ди Џеи. Сите забави беа надополнети со одлично греено вино, пиво, топли пијалоци и храна.

Базарот е во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Битиќи: На мала врата се туркаат законски измени кои ќе им наштетат на земјоделците

Објавено пред

„Кога Владата на СДСМ со законски мерки гарантираше обработливата земја да не може да се продаде како градежно земјиште, опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ блокираа и бурно реагираа,  а сега истите тие носат катастрофални измени на законот со кои лесно ќе ги направат сите тие трансформации меѓу категориите државно земјоделско земјиште, создавајќи реална можност да станат нечија приватна сопственост. Но ве уверувам, дека последиците од овие измени, усогласени со некои закони од сегментот на градба и инфраструктура, но неусогласена со сите други ќе нанесе штета на земјоделците“, предупреди пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната расправа за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, на расправата во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот Битиќи предупреди дека  по скратена постапка се носат законски измени со кои суштински се  менува начинот на кој ќе функционира Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и начинот на распределба на земјоделското земјиште.

„ Со измените се овозможува продолжувањето на концесии да може да се направи директно, што е суштински проблематично во владеењето на правото, се што е директно преговарање е проблематично за мене“, рече Битиќи.

Во дискусијата пратеникот од СДСМ Битиќи предупреди дека со предложените измени ќе се изврши концентрација на моќ во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на распределба на државно земјиште.

„Навидум изгледа дека кратењето на една позиција во Владата, вицепремиер за економија, и менувањето на еден член не менува ништо.  Но од друга страна,  со тој член се зголемуваат ингеренциите на министерството за земјоделство, се концентрира моќ и тоа ќе одлучува за сè во државата. Елиминирањето на можноста за договарање во начинот како се распределува земјоделското земјиште не беше направено од претходната влада, туку од неколку влади наназад, и тоа поради заштита од концентрација на моќ. И за жал, што правиме ние сега, се враќаме дваесет години наназад, кај што ќе имаме можност тројца од иста институција, од иста канцеларија, да седнат и да кажат дека некој им се „допаѓа“, па ќе му се додели земјиште. Концентрацијата на моќ е болната точка на овие измени“, рече Битиќи и појасни дека  носењето на суштински измени треба да оди во редовна процедура за да има дијалог, за на крајот на денот да се елиминираат сите евентуални дилеми.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Матејче, приоритет се граѓаните и нивните потреби

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Матејче ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР .

dobivaj vesti na viber

Министерот Тошковски потенцираше дека отворањето на канцеларијата, втора по ред за само неколку дена, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.

„Денес овде во Матејче, во липковско отвораме нова канцеларија на управните служби на МВР која ќе биде составен дел од полициското одделение. Овој тип проекти кои се дизајнирани да овозможат подобра услуга и позадоволни граѓани, да можат да ги добијат своите услуги во рамки на општината во која живеат. До денес граѓаните на Општина Липково ова право можеа да го остварат во рамки на Општина Куманово а од денес ќе можат да си ги остварат своите права во рамки на својата општина, додека ќе дојде до намалување на гужвите во Општина Куманово.“, потенцираше министерот Тошковски.

Оваа, втора канцеларија за само неколку дена, претходната беше во Јегуновце, ќе овозможи пристап на над 25.000 граѓани од липковскиот регион побрзо вадење на личен документ и услуги кои ги нуди. Побрзиот и поефикасен пристап до услугите е поквалитетен живот за граѓаните, што е наша определба на новото раководство на МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кузеска: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

Објавено пред

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат. Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

„Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.

Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.

Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.

Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.

Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, Пазарната инспекција утре ќе ги контролира бурекчилниците, а задутре трговците на големо

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива,...

Македонија6 часа

Комисијата за спречување на корупцијата ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорите на дело на Токсикологија

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата, ОЈО Скопје почна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за...

Македонија9 часа

Демократскиот сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

„Долго време се води расправа за законот за бранителите, со кој треба финансиски да се помогнат фамилиите на настраданите бранители...

Култура9 часа

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, мецосопран (1973 – 2024), објави НУ Национална опера и Балет. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на...

Македонија9 часа

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата...

Македонија10 часа

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службената положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион11 часа

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет11 часа

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет13 часа

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет13 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено, вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа14 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет14 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија22 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија1 ден

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ1 ден

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија1 ден

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија1 ден

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија1 ден

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...