Контакт

Македонија

Иванов ќе ги посети припадниците на АРМ

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Традиционална новогодишна посета на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов на припадниците на АРМ во армискиот склад „Еребино“ ќе има во недела, на првиот ден од новата година.

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, во недела, во 12 часот, ќе ги посети припадниците на АРМ во армискиот слад „Еребино“ каде ќе биде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

За време на посетата Претседателот Иванов, на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници ќе им ја честита Новата 2017 година, при што е предвидено со нив да има и заеднички ручек./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Децата со аутизам се само поразлични, не се деца со маана

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими родители од Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергерог синдром „Во мојот свет“, по повод 2 април – светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

dobivaj vesti na viber

На средбата, родителите истакнаа дека сè уште се сами во борбата за подобрување на животот на своите чеда. Отсуствува системско решавање на проблемите. Родителот, велат тие, нема никаква поддршка. Има многу малку лични асистенти кои им помагаат, тешкиот товар паѓа на нив и затоа дел од нив не работат. Истовремено, поради отсуство на емпатија, секојдневно се соочуваат со чудни погледи и стигматизација на нивните деца. Најболно и најстрашно за нив, истакнуваат, е кога ќе помислат кој ќе се грижи за детето по нивната смрт.

Слушајќи ги проблемите со кои се соочуваат родителите, претседателката потенцираше дека децата треба да ни се најважни, бидејќи, како што рече, „убедена сум дека секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса“.

Таа, во волонтерството препознава едно од можните решенија на проблемот. По примерот на САД и многу други држави, учениците, средношколци и студентите, како волонтери би добивале поени што ќе се земаат предвид при евалуацијата. „Да дадеш нешто, без да бараш ништо за возврат, тоа е едноставно љубов“, смета таа.

Уште еден голем проблем на којшто посочија родителите е отсуството на разбирање и прифаќање, за жал, не се разговара ниту во семејството. Децата уште од градинка треба да учат дека некои нивни врсници се поразлични од нив и да ги прифатат како такви. Само на тој начин ќе се развие инклузивната свесност, велат родителите.

Во оваа насока претседателката се заложи за креирање интегрално решение, коешто ќе вклучи измени не само во законите за основно и за средно образование, туку и во други закони каде посебен дел ќе им биде посветен на децата со попреченост. „На тие деца им е потребно да учествуваат во социјалниот живот, а не да бидат оставени на маргините на општеството“, заклучи таа. Час поскоро треба да се обезбеди простор за Центарот за аутизам во Тетово, со оглед на веќе пристигнатата бугарска донација.

Од здружението „Во мојот свет“ укажаа дека забрзано расте бројот на лица со аутизам, од 2000 година до сега, пораснал за 317%. Поради недостиг на национален регистар, според статистиката на ЕУ и на СЗО, се претпоставува дека во земјава има од 15 до 20 000 лица со аутистичен спектар на нарушување кои нестрпливо очекуваат разбирање и помош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски во работна посета на Брисел: Проширувањето мора да биде врвен политички приоритет со јасна и предвидлива траекторија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до петок престојува во работна посета на Брисел, Кралството Белгија.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на посетата, министерот Муцунски одржа одделни обраќања пред претставници на неколку бриселски тинк-тенкови, како и пред Центарот за европски политики (EPC), каде говореше за стратешката определба на државата – членството во Европската Унија.

Министерот изрази искрена благодарност до Европската Унија и земјите членки за покажаната солидарност и брзата реакција по трагичната несреќа во Кочани, оценувајќи ја како автентичен пример за европски вредности на дело.

Говорејќи за евроинтегративниот процес на државата, Муцунски ја нагласи целосната усогласеност на земјата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и посветеноста на Владата на реформската агенда. Тој истакна дека државата е технички подготвена за отворање на првиот кластер од пристапните преговори и очекува јасен, предвидлив и кредибилен пат напред – без нови одлагања и блокади.

Министерот подвлече дека членството во ЕУ е стратешка определба на државата, а процесот на проширување не смее да се третира само како техничко прашање, туку како прашање поврзано со економски раст, стабилност и заеднички европски вредности.

Муцунски порача дека Европската Унија мора да го задржи проширувањето како врвен политички приоритет, со јасна и предвидлива траекторија, предупредувајќи дека евентуално одложување на процесот би имало сериозни последици за кредибилитетот на политиката на проширување во регионот на Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче нема легитимитет да нуди концепти за Македонија, велат од ЗНАМ

Објавено пред

Политичката партија ЗНАМ реагира на предложениот концепт за општествен и политички дијалог од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче,нарекувајќи го самопрогласен лидер на опозицијата без политички легитимитет.

dobivaj vesti na viber

Од партијата на Максим Димитриевски велат дека Филипче е одговорен за длабоките системски грешки во општеството, меѓу кои модуларната болница, криминална набавка на вакцините во време на Ковидот, случајот со Онкологија, но и измените на Кривичниот Законик, со кој се амнестираа функционери.

Партијата во реакцијата го оспорува политичкиот легитимитет на Филипче, коментирајќи: „Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните 8 години го промовираше концептот Едно општество за сите, едно за Вицето.  Од тие причини, СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија овој момент“.

Се додава и дека Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажале дека тие се проблем за секое решение.

ЗНАМ праша и дали, самопрогласениот лидер на опозиција (како што го нарекува Филипче), со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија3 часа

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија5 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија5 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија5 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија5 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ6 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија8 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија10 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија11 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија11 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија11 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија12 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија20 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија22 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија24 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија24 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија1 ден

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија1 ден

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија1 ден

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...