Свет
Путин ги повика Русите на единство, Трамп им ја честита Нова година на непријателите
Рускиот претседател Владимир Путин во сабота во новогодишната честитка упатена до сонародниците изјави дека 2016-та била тешка година повикувајќи ги и покрај сé да ја задржат вербата во својата земја и да останат обединети, а новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп честитката на Американците им ја упати преку својата омилена социјална мрежа Twitter, обраќајќи им на „бројните непријатели“ кои не ги именуваше.
„Среќна Нова година на сите, дури и на моите бројни непријатели, како и на оние кои беа против мене и кои убедливо загубија, така што повеќе не знаат што да прават. Ве сакам!“, твиташе Доналд Трамп кој на 20-ти јануари ќе стане 45-от претседател на САД.
Три седмици до инаугурацијата и по многу жестоката и неизвесна претседателска кампања, републиканецот Трамп се подготвува да го преземе водството на поделената земја.
Рускиот претседател Владимир Путин во својата новогодишна честитка, којашто во Москва се емитува на полноќ по локално време, но поради временската разлика веќе беше емитувана на рускиот Далечен исток кој веќе влезе во 2017 година, изминатата година ја оцени како „тешка“.
„Но тие тешкотии ни овозможија повторно да се зближиме. Во прв ред, мораме да веруваме во себеси, во своите можности, во својата земја. Успешно да работите и многу да постигнувам“, вели во честитката рускиот претседател, поздравувајќи ги особено оние ко исе далеку од своите домови, како руските војници во Сирија.
„Имаме огромна, посебна, величествена земја“, истакнува Путин, изразувајќи надеж дека бовата година на Русите ќе им донесе „мир, стабилност и благосостојба“.
Годината што изминува за неколку часа на Русија ѝ донесе големо враќање на меѓународната сцена, особено откако забелеа успеси во Сирија каде на крајот од 2016-та, по чест години стапи на сила нов преки на огнот, а се очекуваат мировни преговори коишто ќе ги координира со Турција по жестоката едногодишна воена кампања./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

