Свет
Крвави походи на новогодишната ноќ во светот
Терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул со 39 убиени и 69 ранети е најцрниот настан кој го одбележа првиот ден на новата 2017 година, но и покрај повиците за мир, насилство имаше насекаде во светот, од тешко ранување на полицајци во Италија, преку терористички напади во Ирак и кршење на примирјето во Сирија, до масакрот во Бразил.
Целта на атентатот изведе во новогодишната ноќ во Истанбул била „да се предизвика хаос“, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и оцени дека целта на терористите е да се деморализира народот и да се дестабилизира земјата со ужасните напади насочени против цивилите.
По напаѓачот уште се трага и уше никој ја нема преземено одговорноста за нападот во клубот „Reina“ во кој се убиени многу странци.
Според последните податоци, меѓу шеснаесетте странски жртви се тројца Јорданци, а четири нивни сонародници се ранети. Убиени се и двајца Тунижани, една Французинка која имала и туниско државјанство, а нејзиниот сопруг Тунижанец е ранет, една Израелка, двајца Индијци, маж со турско-белгиско државјанство и неколку државјани на Саудиска Арабија, Либан, Либија и Мароко.
Маж уби 13 луѓе, а потоа и себеси во градот Кампинас во Бразил, каде неговата поранешна сопруга славела Нова година, соопшти бразилската полиција. Бразилската полиција соопшти дека напаѓачот кој упаднал во куќата каде неговата поранешна сопруга славела Нова година, носел неколку парчиња оружје. Меѓу загинатите е и неговата поранешна сопруга и уште неколку членови на нејзиното семејство.
Според полицијата од Сао Паоло, убиецот најверојатно бил незадоволен од неодамнешниот развод. Според локалните медиуми тие имаат 8-годишен син, кој починал во пукањето. Покрај убиените ранети се уште тројца кои се во критична состојба.
Во Ирак најмалку седум луѓе се убиени а 15 се ранети во неделата на напад врз контролен пункт на ирачката полиција јужно од Наџаф, а одговорноста ја презема Исламска држава, соопштија ирачките функционери. Нападот го извеле тројца самоубијци со експлозивни појаси кај градот Кадисија,, Отвориле оган на полицајците кои возвратиле, а нивниот автомобил притоа експлодирал.
Во малата земја на Персискиот залив, Бахреини, вооружени мажи во неделата нападнале затвор и на затвореници обвинети за тероризам им овозможиле бегство, при што е убиени еден полицаец.
Инциденти имаше и во Европа. Во експлозијата на импровизирана експлозивна направ рано утрото во неделата пред книжарница во Фиренца со кој управува група неофашисти тешко е ранет полицаец кој се обидел да ја деактивира направата,
Антитерористичката полиција го открила пакетот и повикала пиротехничари, но направата експлодирала кога ѝ се приближил и во болница морале да му ја ампутираат раката, и ослепен е на едното око.
Џанлука Јаноне, претседател а групата од крајната десница CasaPound изјави дека ова е трет напад во последнава година, што потсетува на ткн „оловни години“ 70-те и 80-те од минатиот век, кога Италија потона во екстремистички напади на крајната левица и крајната десница./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

