Контакт

Берзи

Азиските берзи благо паднаа, еврото под 1,08 долари, нафтата и натаму расте

Објавено пред

На повеќето азиски берзи цените на акциите во понеделникот паднаа под влијаени на падот на берзанските индекси во светот во петокот, додека во Шангај цените значително пораснаа благодарејќи на новите монетарни поттикнувачки мерки на кинеските власт, а еврото под притисок од грчките проблеми се симна под 1,08 долари. Нафтата пак го продолжува растот одразувајќи ги состојбите на Блискиот исток и САД.

dobivaj vesti na viber

На токиската берза индексот Nikkei 225 во претпладневното тргување по средноевропско време беше во плус од 0,3 отсто, додека цените на акциите на континенталната берза во Шангај скокнаа за околу 1 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореја, Хонгконг, Сингапур и Австралија, пак, паднаа меѓу 0,1 и 0,8 отсто, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во понеделникот претпладне беше во минус од 0,1 отсто, откако минатата седмица го достигна највисокото ниво во последните седум години.

Најмногу пораснаа, за околу 1 процент, цените на акциите во Шангај, благодарејќи на одлуката на кинеската централна банка за намалување на стапката за задолжителната резерва на банката од 19,5 на 18,5 отсто. Тоа е веќе второ намалување на оваа стапка во последните два месеца, со што монетарните власти во Пекинг се обидуваат да го поттикнат кредитирањето, а со тоа и растот на економијата.

Овој потег беше очекуван, имајќи предвид дека растот во втората според обемот светска економија веќе подол период забавува. Кинескиот бруто домашен производ (БДП) во првиот квартал од 2015 година порасна за 7 отсто во однос на истиот минатогодишен период, што е најбавното во шест години.

„Намалувањето на стапките за издвојување на резервите е поголемо отколку што се очекуваше. Тоа ќе ја големи ликвидноста на пазарот за околу 1.000 милијарди јуани“, вели за Reuters Ченг Канг, аналитичар во компанијата „Shenwan Hongyuan Securities“.

Тоа позитивно влијаеше врз берзата во Токио која благо порасна, откако минатата седмица тамошниот индекс Nikkei падна за 1,3 отсто. Но на другите азиски берзи цените на акциите во понеделникот паднаа бидејќи инвеститорите ги загрижи остриот пад на берзанските индекси во Европа во петокот поради загриженоста за судбината на Грција, како и на њујоршки Волстрит, кој е под притисокот на анемичните деловни резултати на американски компании.

А на валутните базари американскиот долар и натаму е под притисок, бидејќи поради низата сигнали за забавување на растот на американската економија, сé помалку е веројатно дека тамошната централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ги зголеми клучните каматни стапки веќе во јуни.

Откако минатата седмица индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, потона за 1,8 отсто, а во понеделникот претпладне падна за дополнителни 0,1 отсто, на 97,43 поени. Притоа во однос на јапонскиот јен курсот на доларот се симна на 118,80 јени, додека во петокот навечер изнесуваше 118,90 јени. Во однос, пак, на еврото, доларот зајакна, па цената на еврото се лизна од 1,0805 долари во петокот на 1,0787 долари во понеделник претпладне по средноевропско време.

Еврото е под притисокот на грчката должничка криза, бидејќи Атина и нејзините партнери од еврозоната сé уште не постигнале напредок по прашањето за реформите коишто Грција би требало да ги спроведе з ада ја добие новата странска финансиска помош со која би го избегнала банкротот и излегувањето од еврозоната. Министрите од еврозоната треба да се сретнат на 24-ти април за да се обидат да изнајадат решение за Грција.

Цените на нафтата, пак, во понеделникот претпладне го продолжија растот поради судирите на Блискиот исток, и сигналите за намаленото производство во САД. Откако минатата седмица скокна за повеќе од 8 отсто, во понеделникот претпладне цената на нафтата на американскиот пазар порасна за натамошни 1,14 отсто, на 56,50 долари по барел. На лондонскиот пазар, пај, цената на барел сирова нафта од марката брент порасна за 1,2 отсто, на 64,20 долари./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Берзи

„Волстрит“ падна – ни САД ни Кина не попушта

Објавено пред

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.

dobivaj vesti na viber

Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.

Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.

По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.

Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.

Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.

Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.

„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.

Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.

На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 час

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 час

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет1 час

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија9 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија12 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија13 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија14 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија15 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија20 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија20 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија22 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија22 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија22 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија22 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија23 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија23 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет1 ден

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа1 ден

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...