Европа
Британија најавува изградба на нови 17 градови и села
Британската влада ги објави своите планови за изградба на 17 нови градови и села ширум Англија, во рамките на настојувањата да го ублажи хроничниот недостиг од станбен простор.
Новите ткн „задници градини“ од Камбрија на северозападот до Корнвол на крајниот југозапад на Англија е дел од планот за градење на 200.000 нови станбени единици, се наведува во писмената изјава на министерот за домување и просторно планирање Гевин Барвел.
Во понеделникот министерот првпат ги објави конкретните локации за планираното градење, со напомена дека државата ќе ги ублажи ограничувањата во доменот на просторното уредување и доделувањето на вкупно 7,4 милиони британски фунти, помош при финансирањето на градењето.
Најавените 200.000 нови станбени единици се само дел од најавените милион куќи кои владата во Лондон вети дека ќе ги изгради во периодот од 2015 до 2020 годна, во и онака густо населената земја, забележува Reuters.
Повеќе британски влади во минатото ветува дека ќе се занимаваат со недостигот кој доведе до спирален раст на цените на недвижнините во Лондон и другите поголеми англиски градови, поради што за многу потенцијални сопственици станаа недостапни.
Градежните претприемачи, пак, се жалат на недостиг од земјиште со кое може да располагаат, како и на строгите закони за просторно планирање кои забрануваат градење во „зелениот појас“ околу постојните градови и им даваат на органите на локалните самоуправи овластувања до го блокираат градењето.
Британската влада минатата 2016 година побара од локалните власти да се изјаснат дали се заинтересирани за градењето на ваквите ткн „градови градини“, кои се засноваат на замислите од XIX век за станбеното згрижување на населението чиј број се зголемувал во градовите кои станувале доволни за себе, опкружени со природата.
Според енциклопедиите, концептот за урбаното просторно планирање во кое се споменуваат „градовите градини“ (Garden town) првпат е изложен во 1898 година од Ебенизер Хауард, англиски теоретичар на уметноста и урбанист.
Станува збор за самостојни населби во зеленило кои ќе осигуруваат позадоволителни услови за живот отколку пренаселените градови. Ебенизер првите тави градови ги организира во Англија на почетокот од XX век. Во новото издание на книгата „Градовите градини на утрешнината“, тој го претставува новиот тип на населба кој треба да ги обедини предностите од живеењето на село и на живеењето во градот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германците објавија план во случај на војна со Русија
Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија кои директно би влијаеле на земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.
Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за обезбедување снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза. Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможување мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура кои треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.
Според сценариото кое предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.
Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.
Освен Германија, други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.
Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина.
Европа
Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев
Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се на извори.
„Беше планирано да се одржи седница на Врховната Рада на 22 ноември, на која пратениците требаше да поставуваат прашања до владата, но сè беше откажано поради безбедносни причини“, објави Суспилне. На пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев, а според некои од нив, следната седница на украинскиот парламент не е закажана до декември.
Одложувањето дојде откако рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање објави дека Русија вчера истрела хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект, како одговор на употребата на американски и британски ракети од Киев за гаѓање цели на руска територија.
Путин посочи дека „во случај на ескалација на агресивни дејствија“ би можеле да следат уште такви потези. Предупредувањата за големи ракетни напади ги натераа американските и другите амбасади во Киев да ги затворат своите врати во средата.
Еден опозициски член на парламентот, Олексеј Хончаренко, изрази фрустрација поради откажувањето на седницата во објава на апликацијата за пораки Телеграм, велејќи дека тоа е изгубена можност да се поставуваат прашања на владата.
Европа
НАТО: Новата руска ракета нема да нè одврати да ја поддржиме Украина
Експерименталната ракета со среден дострел истрелана од Русија кон Украина нема да влијае на текот на војната или на поддршката на НАТО за Киев, изјави портпаролката на алијансата.
Портпаролката на НАТО, Фарах Даклала, изјави за АФП дека рускиот напад во четвртокот на Днепар е „уште еден пример за руски напади врз украинските градови“, додавајќи:
„Користењето на овој капацитет нема да го промени текот на конфликтот или да ги одврати сојузниците од НАТО да ја поддржат Украина“.