Компании
Новата ŠKODA Fabia пристига во Македонија на почетокот на следната година
Новата ŠKODA Fabia и новата ŠKODA Fabia Combi ја прославија својота светска премиера на овогодинешниот автомобилскиот саем во Париз. Комплетно нови, двете верзии на просторниот автомобил се појавија на автомобилската модна писта, со својот нов изглед, кој е многу повеќе спортски, модерен и иновативен од било кога досега.
“Новата Škoda Fabia е уште една пресвртница за Шкода, која ја истакнува емотивната и техничка моќ на брендот,” изјави извршниот директор на ŠKODA Винфрид Валанд. “Сите верзии на Fabia едноставно нудат многу повеќе од автомобил. Škoda Fabia е автомобил за срцето и разумот, модерен, идеален за оние со ведар спортски дух, овозможувајќи мобилност, особено во урбаните средини. Ние сме убедени дека новата Fabia ќе го зголеми семејството на нашите клиенти, зголемувајќи го бројот на досегашните 3,5 милиони клиенти кои до сега се одлучија за Fabia. Просторната Fabia Combi е лидер на пазарот во својот сегмент уште од самиот почеток, ние планираме да го продолжиме успехот и со најновата генерација “, изјави проф д-р Валанд.
Третата генерација на Fabia е комплетно нова во секој поглед. На прв поглед, најмногу се забележува значително поостриот дизајн. ŠKODA креираше експресивен дизајн за новата Fabia, црпејќи инспирација од концепт автомобилот ŠKODA VisionC .
“Со своите спортски пропорции, Škoda Fabia изгледа свежо и модерно. Ние и ги дадовме нашите рели гени и ја создадовме најемотивната Fabia до сега”, изјави Френк Велш, член на одборот за технички развој. Креиравме млад, свеж ентериер, богата палета на бои и бројни опции за персонализација. “Ја креиравме новата генерација на Fabia со построги пропорции. Новата Škoda Fabia е пониска и поширока, а растојанието од подлогата е помала. Контурите исто така, се поостри, со кристално јасни линии и елементи. Затоа Fabia однадвор има многу повеќе контраст и силна интеракција помеѓу светлината и сенката. Сето тоа му дава на автомобилот единствен самоуверен карактер”, објасни главниот дизајнер на ŠKODA, Јозеф Кабан.
Технологијата вклучена во новата Škoda Fabia ќе ги задоволи сите барања па дури и на најпребирливите. Брендот направи модел кој го поврзува вашиот паметен телефон со информативно забавниот систем на автомобилот, употребувајќи MirrorLink ™ и SmartGate функции. Со нови мотори и помала тежина, потрошувачката и емисиите на штетни гасови значително се намалени и тоа за 17%. Иновативните системи за помош, кои досега беа достапни само во повисоките класи на возила, обезбедуваат зголемена безбедност и поголема удобност. Покрај сите нови придобивки, дизајн и технологија новата Škoda Fabia и новата Škoda Fabia Combi се вистински шампиони во поглед на услужливост, со различни апликации и најголем багажник во својата класа. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

