Македонија
Одбележан патрониот празник на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп
Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, во четврток, беше одбележан нејзиниот патрон празник и 74 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев.
Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе пред бистата на народниот херој, која се наоѓа во кругот на касарната, а потоа одбележувањето продолжи со пригодна програма во која учество зедоа учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ и КУД „Мирче Ацев“.
„Денеска е голем ден за нас. Вчера започнавме со чествувањето кое не потсетува на трагичната смрт на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Денешниот ден од оваа година па понатаму ќе биде втемелен во традициите на АРМ, со тоа што сакаме да оддадеме чест и почит на оние кои ги дадоа животите за слободна и независна Македонија. Оние кои беа посилни од сите тие кои сакаа да го држат во ропство и да го угнетуваат македонскиот народ. Ние како АРМ и припадниците на гарнизонот во Прилеп со овој чин им оддаваме почит на сите херои“, вели бригадниот генрал Мирче Ѓоргоски, командант на првата механизирана пешадиска бригада, во чиј состав е артилерискиот батаљон.
На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој
„Мирче Ацев и Стражо Пинџур го дале својот живот за Македонија и ова е голем ден за нас. Инаку оваа касарна многу значи за Прилеп, не само од безбедносен аспект, туку и од економски аспект. Исто така со војниците и АРМ имаме одлична соработка кога се работи и за хуманитарни мисии, а тоа се покажа на дело лани кога имавме големи поплави во Пелагонија“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Присутните на настанот имаа можност да ја разгледаат и изложбата на опремата и вооружувањето со кое располага оваа единица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

