Регион
Косово поради апсењето на Харадинај ќе ги преиспитува односите со Србија
Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави во петокот дека неговата земја веќе ѝ се одмаздувала на Србија, и оти тоа ќе стори повторно откако нејзиниот поранешен премиер Рамуш Харадинај е уапсен во Франција по меѓународна потерница издадена од властите во Белград.
Рамуш Харадинај, еден од командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), во средата беше уапсен на аеродромот Басел-Мулус во источна Франција врз основа на меѓународната потерница која ја издаде Србија, иако сегашниот челник на косовска опозиција против кој Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија во Хаг водеше процес за воени злосторства сторени во судирот 1998/1999 година, беше ослободен во 2008 откако му беше судено по 37 обвинувања и потоа повторно ослободен на апелациониот суд во 2012 година.
Харадинај во декември 2004 година беше избран за премиер на Косово, но по сто дена мораше да поднесе оставка за да одговара пред Хашкиот трибунал.
Апсењето на Харадинај создаде нови тензии меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина којашто во 2008 година со поддршкана САД и главните земји членки на Европската унија прогласи независност. Илјадници приврзаници на Харадинај, кој е челник на опозициската партија Алијанса за иднината на косово, се собраа во петокот пред француската амбасада во Приштина, едночасовен мирен далеку помалуброен протест имаше и во Скопје, носејќи албански и американски знамиња. Албанците во западниот косовски град Ѓаковица својот протест го искажаа со каменување автобус ој превезуваше српски верници во текот на прославувањето на Бадник.
Настојувањата на Белград и на Приштина да се придружат на ЕУ, во Брисел го условуваат со нормализирање на меѓусебните односи, пред нивните кандидатури да може да напредуваат. Косовските опозициски партии повикуваат на прекин на преговорите на кои посредува ЕУ.
„Вчера преземавме реципрочни мерки во однос на (српскиот претседател Томослав) Николиќ, а тоа ќе го правиме и во иднина. Потребна е ревизија во односите со Србија, како и ревизија на дијалогот“, изјави косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај.
Потврди дека Србија издала повеќе меѓународните потерници по државјани на Косово, со што ги ограничила нивните меѓународни патувања. Белградските медиуми во четвртокот пишуваат дека станува збор за 20 лица, главно поранешни припадници на ОВК.
Србија не го признава Косово како независна држава, и со помош на Русија го блокира неговото влегување во обединетите нации и некои други меѓународни институции.
Харадинај во четвртокот беше изведен пред францускиот суд, а во притвор ќе остане додека Србија не поднесе официјално барање за екстрадиција, ј судот потоа треба да го разгледа.
Српските власти сакаат да му судат на Харадинај и издадоа меѓународен налог за апсење врз основ на кој накусо беше уапсен во јуни 2015 година кога минуваше низ Словенија. Го обвинуваат дека во текот на судирите со српските сили неговата единица „Црни орли“ го контролирале пограничниот регион со Албанија, која според Белград измачувала и егзекутирала повеќе десетици српски цивили чиишто тела се најдени во близина на езерото Радоњич, во областа Дечани, во северниот дел на поранешната јужна српска покраина./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер
Третиот осомничен за бомбашкиот напад врз куќата на Здравко Чолиќ, вечерва е уапсен во ефикасна акција на Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за градот Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Курир“.
Сомненијата според написите се дека двајцата претходно уапсени, биле директни сторители, додека третиот им набавил експлозивни направи, не само за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ, туку и за нападот врз Палилула на 20 ноември 2025 година, пишува „Курир“.
Бомбата експлодирала во просторот помеѓу куќите што му припаѓаат на семејството на жртвата и друго семејство, а осомничените се вратиле назад кон возилото.
Исто така, на 3 февруари 2026 година, тие неовластено носеле една рачна граната, па користеле такси, а потоа стигнале до семејната куќа на Чолиќ каде околу 4:52 часот наутро осомничениот што го барале активирал и фрлил рачна граната во дворот на семејната куќа, додека еден од осомничените се погрижил да не помине никој и снимал со мобилен телефон.
Рачната граната експлодирала, по што осомничените се оддалечиле од местото на настанот, според медиумот.
Регион
Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Младеновац дека е сериозно загрижен за воениот сојуз формиран од Тирана, Приштина и Загреб, нагласувајќи дека не станува збор за воено-техничка соработка, туку за сојуз кој има јасен одбранбен, но и потенцијално офанзивен карактер.
Вучиќ изјави дека во случај на класична соработка во областа на набавка на оружје меѓу Хрватска и Албанија, ова не би било проблем, но дека сега станува збор за нешто фундаментално различно.
„Ова не е воено-технички сојуз. Ова не е договор од типот „вие купувате оружје од мене, јас ќе го купам од вас“. Ова е воен сојуз кој е создаден за одбрана или офанзивни дејствија против одредени територии, или одбранбен сојуз кој може да прерасне во офанзивен за еден ден“, нагласи претседателот на Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој го постави прашањето за причината за формирање на таков сојуз, посочувајќи дека Тирана и Загреб веќе се членки на НАТО, додека Приштина не е, што, како што истакна, дополнително го комплицира целото прашање.
Вучиќ изјави дека е особено загрижен што Србија има нови информации за плановите на алијансата, вклучувајќи ги и специфичните барања на Приштина за дополнително оружје од Соединетите Американски Држави и Турција.
Според него, Приштина бара одобрение за набавка на американски „хаубици“ од калибар 105 милиметри, како и дополнителни количини противтенковски ракети „копје“, додека во исто време се водат разговори со Турција за други видови воена опрема.
„Имам комплетен список. Тие разговараат за сите можни насоки на напад, одбрана и сè друго. Имаме и значајни разузнавачки информации за тоа“, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека е загрижен како претседател, бидејќи тоа е негова должност, но дека граѓаните на Србија немаат причина да се плашат, бидејќи силата на српската армија се зголемува по „геометриска прогресија“. Тој најави и набавка на најсовремена воена опрема, која, како што рече, „една или ниедна земја“ ја има денес во Европа, истакнувајќи дека сè ќе пристигне според забрзани процедури.
„Кај мене нема „ќе биде лесно“. Ќе биде тешко, но ќе им биде уште потешко“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави и дека не е тајна дека Хрватска е вклучена во настаните во Србија, вклучувајќи протести и блокади, и дека за такви заклучоци не се потребни разузнавачки служби.
„Доволно е да се погледне со голо око. На сите им е јасно. Се надеваат дека ќе се вратат некои слуги како што имале од 2000 до 2012 година, но ништо нема да произлезе од тоа“, рече Вучиќ.
Регион
Масовно труење со олово на жителите на град во БиХ
Во општината Вареш во Босна и Херцеговина продолжува сериозната здравствена криза предизвикана од масовно труење со олово. Најновите резултати од тестирањето на повеќе од 100 жители потврдија дека труењето со тешки метали е многу пораспространето отколку што првично се претпоставуваше, пишува N1.
Присуството на олово во крвта овој пат е утврдено не само кај жителите што живеат во близина на депонијата на рудникот ДПМ Метали, во населбите Пржиќи и Даштанско, туку и кај граѓаните од самиот центар на Вареш. Претходните тестови од декември минатата година покажаа присуство на олово во крвта на сите 44 тестирани лица од различни возрасти.
Во меѓувреме, уште девет лица се тестирани приватно, а резултатите само ги потврдија алармантните индикатори. Особено е загрижувачки што олово е пронајдено и во наодите на пет деца под шест години.
Најновите тестови покажуваат дека некои луѓе имаат екстремно високи концентрации на олово во крвта, во некои случаи десетици, па дури и сто пати повисоки од референтните вредности.
„Присуството на олово во крвта е исклучително сложен здравствен проблем бидејќи нема физиолошка потреба од олово во човечкото тело. Современата медицина се залага за ставот дека нема „безбедна“ доза на олово во телото“, велат експертите од Институтот за здравје и безбедност на храната.
Во интервју за локална радио станица, вршителот на должноста градоначалник на општина Вареш, Малик Ризвановиќ, изјави дека, доколку го добие мандатот, здравјето на граѓаните ќе биде негов приоритет. Сепак, информацијата дека непосредно пред објавувањето на новите резултати за труењето, компанијата ДПМ Метали испратила до Владата на Зеничко-добојскиот кантон барање за зголемување на надоместокот за концесија предизвикува загриженост.
„Официјално е дека во петокот ДПМ Метали поднесе иницијатива за зголемување на концесискиот надомест до Министерството за економија на Зеничко-добојскиот кантон. Во наредните месеци ќе има зголемување на концесијата. Она што успеав да го договорам со компанијата е дека, кога ќе се потпише концесијата, таа ќе се плаќа ретроактивно од 1 јануари 2026 година“, рече Ризвановиќ.
Фактот дека самата рударска компанија бара од властите да ја зголемат концесијата што треба да ја плати изгледа неверојатно и покренува сериозни прашања за тоа кој управува со природните ресурси во Зеничко-добојскиот кантон.
„Ако компанијата се обидува да купи социјален мир со овој потег, јасно велиме дека здравјето на граѓаните нема цена и дека е крајно несоодветно да се зборува за концесиски надоместоци во време кога животите на луѓето во Вареш се сериозно загрозени“, истакнуваат жителите на Пржиќ и Даштански.
Властите на Зеничко-добојскиот кантон и Федерацијата БиХ сè уште немаат јасен одговор за ситуацијата во Вареш. Иако условите се исполнети, сè уште не е прогласена вонредна состојба. Исто така, не е познато дали Обвинителството на Зеничко-добојскиот кантон започнало истрага за труењето.
И покрај противењето на локалните заедници и граѓанското општество, надлежните кантонални власти продолжуваат да поддржуваат нови, потенцијално опасни рударски проекти во Вареш, вклучувајќи го и планираното рударство на хром во сливот на реката Криваја.
фото/илустрација/Depositphotos

