Регион
Во Турција уапсени пет лица поради поврзаност со убиството на рускиот амбасадор

Турската полиција уапсила во саботата пет лица во рамките на истрагата за убиството на рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов, соопшти обвинителството на градот Измир.
Амбасадорот Сергеј Карлов беше застрелан на 19-ти декември за време на отворање на изложба на фотографии во галерија во Анкара.
Атентаторот, младиот турски полицаец Мевлут Мерт Алтинташ, кој за време на убиството извикувал исламистички пароли и оти тоа е одмазда за сирискиот град Алепо, беше убиен веднаш по нападот, а турските власти го поврзуваат со екстремистички движења.
Четворицата од петтемина уапсени во саботата биле колеги на Алтинташ во ораните на турското министерство за внатрешни работи, додека петтиот е активист на опозицискиот исламистички проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, пренесува агенцијата Anadolu.
Во извештајот се истакнува дека петтиот уапсен бил задолжен за згрижување на поддржувачите на движењето на Ѓулен меѓу питомците на полициската академија во Измир. Сите приведени се обвинети за „припадност на вооружена терористичка организација“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Очекувам да се сретнам со Доналд Трамп во следните два месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните два месеци.
„Очекувам да ја имам таа средба. Тој е премногу зафатен, секогаш е можно нешто да се смени, датумот се уште не е одреден, но знаете дека јас сум многу внимателен кога зборувам за тоа. Тоа би било огромна чест за нашата Србија и верувам дека е изводливо“, изјави Вучиќ.
Зборувајќи за вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, како и за нивната средба во април, Вучиќ рече дека секогаш имаат неколку важни теми за разговор.
„Вчера поминавме низ неколку важни теми. Понекогаш разговараме ненадејно. Како што оди по државен протокол, тоа е закажано и се чека пет до седум дена“, рече Вучиќ.
Регион
Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.
Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.
На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Регион
Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.
Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.
„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.
Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.
Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.
„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.
За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.