Контакт

Европа

Холандската полиција на новинари им заплени материјали за падот на авионот во Донбас

Објавено пред

Двајца холандски новинари поднесоа тужба во понеделникот против холандската полиција поради тоа што им ги конфискувала материјалите за малезискиот патнички авион кој во летото 2014 година се урна во источна Украина во близина на границата со Русија, на територијата којашто ја контролираат рускојазичните бунтовници.

dobivaj vesti na viber

Стефан Бек и Мишел Спекер ги истражувале околностите за падот со малезискиот „Boeing 777“ од 17-ти јули 2014 година во Донецкиот регион кога загинаа сите 298 патници од кои најголемиот дел холандски државјани и членови на екипажот, а околностите уште се обвиени со голема мистерија што навистина се случило. Постојат повеќе контрадикторни изјави од меѓународни експерти и политичари.

Меѓутоа, и двајцата биле приведени од полицијата на аеродромот Шопхол во Амстердам, веднаш по враќањето во татковината. Спекерс изјави дека им биле запленети фотоапарат, видеокамера, мемориски картички, диктафон, хард дискови и сите записи од местото на несреќата.

„Протестот го поднесе Холандската асоцијација на новинари. Успеавме да издејствуваме дека пристапот до податоците од запленетите уреди ќе биде блокиран. Без одлука на судот тоа нема да биде можно“, изјавил холандскиот репортер за агенцијата РИА.

Истакнал оти е убеден дека постапката на холандската полиција претставува кршење на неговите права како новинар кој ги извршува професионалните задачи.

Од холандското обвинителство соопштија дека материјалите се одземени бидејќи „имаше впечаток дека не сите објекти, кои имаат поврзаност со истрагата, новинарите ќе им ги предадат на властите доброволно“.

Холандија уште кон средината на октомви 2015 година ги објави заклучоците од истрагата за падот на авионот „Malaysia Airlines“ на летот MH17 од Амстердам до Куала Лумпур, во која се утврдува дека леталото било соборено од проектил од системот „Бук“, но во него не се лоцира вината. А се истакнува дека била истрелана од територија која била под контрола на рускојазичните бунтовници. Таа истрага Холандија ја водеше со експерти од неколку со неколку земји, меѓу кои САД, Украина, Малезија, Австралија и Русија .

Но Москва, која е незадоволна од соработката во текот на истрагата, поведе своја истрага нудејќи сателитски снимки, експертски вештачења и сведочења на пребегани украински војници, и тврди дека таков вид проектил и таков ракетен систем на украинските сили бил стациониран во областа на падот во конкретниот период./крај/мф/сн

Европа

(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето

Објавено пред

Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.

dobivaj vesti na viber

Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.

Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:

„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.

Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.

Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.

Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.

Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.

По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.

Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.

Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.

Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.

Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Борис Џонсон го вратија од гласање, дојде без лична карта: се обиде да го заобиколи сопствениот закон

Објавено пред

Борис Џонсон (59), поранешниот британски премиер, во четвртокот бил вратен од избирачкото место, откако се обидел да гласа без лична карта, односно документ со фотографија. Како што пренесува „Гардијан“, Џонсон се обидел да го измами сопствениот закон, бидејќи токму за време на неговиот мандат во Велика Британија била донесена одредба со која се барал документ со фотографија за гласање.

dobivaj vesti na viber

Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година по мандатот обележан со бројни скандали, беше предупреден на избирачко место во Оксфордшир (Јужна Англија) дека мора да го има потребниот документ за докажување на неговиот идентитет. На гласачкото место му дозволија да гласа на локалните избори кои се одржаа низ цела Англија.

Портпаролот на поранешниот премиер изјави дека Џонсон гласал за конзервативците. Тој не ги демантираше пишувањата на медиумите дека поранешниот премиер немал лични документи со фотографија. Минатата година на изборите по промената на законот, околу четири отсто од испитаниците се изјасниле дека не гласале токму затоа што немаат документ со фотографија. Тоа е нешто помалку од околу 800.000 гласачи.

Владата на Џонсон го промени изборниот закон за да ја ограничи можноста за изборен фалсификат, а опозицијата остро ги критикуваше властите за потенцијално обесправување на делови од гласачкото тело. Претходно, гласачите требаше да го дадат само своето име и адреса за да гласаат.

„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што гласаат да покажат некаков доказ за идентитетот“, рече Џонсон во 2021 година за новите правила.

Ова е само последниот инцидент во неговата шарена политичка кариера. Како премиер беше снимен како се крие во фрижидер додека новинарска екипа го бараше за интервју, пренесува медиумот.

Истражувањето спроведено од „YouGov“ покажало дека 14 отсто од Британците пред локалните избори не знаеле дека постои правило за идентификација на гласачите со помош на лични документи.

Прикажи повеќе...

Европа

Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда

Објавено пред

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.

dobivaj vesti na viber

„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.

Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.

Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети...

Македонија3 часа

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда...

Свет4 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија5 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија5 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија5 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија5 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет6 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет6 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет6 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет6 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет6 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија1 ден

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија1 ден

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија1 ден

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет1 ден

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...

Македонија1 ден

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до...

Македонија1 ден

Православните верници го слават Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Свет2 дена

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...