Компании
Македонски Телеком по вторпат во Македонија го организира натпреварот „Млади креативци“
Интернационалниот маркетинг фестивал „Голден Драм“ (Golden Drum) кој годинава ќе се одржи од 13-16 октомври во Порторож во партнерство со Македонски Телеком по вторпат во Македонија го организира натпреварот „Млади креативци“ (Young Drummers).
На отворениот повик може да учествуваат сите млади дизјанери (родени после 16 октомври 1985 година) со креирање на постер-решение на тема: „Зависност од мобилни телефони и социјални мрежи“.
Крајниот термин за пријавување со идејно и креативно решение е 28 септември, а прогласувањето на победникот е предвидено да се случи на 1 октомври. Првонаградениот постер ќе добие платен авионски превоз до Порторож, хотелско сместување и целосна котизација за овој реномиран фестивал.
Мобилните телефони веќе долги години се неизоставен дел од нашето секојдневие, а ова особено се однесува за генерацијата родена во дигиталниот свет. Истражувањата на Европската Унија потврдуваат дека употребата на мобилните или паметните телефони рапидно е порасната и тоа кај возрасната група меѓу 9 и 16 години. Децата во земјите каде се извршени истражувањата, во просек, за прв пат започнуваат со користење на интернет на возраст од 8 години, додека својот прв мобилен телефон го добиваат на возраст од 9, а започнуваат активно да ги користат веќе со навршени 12 години, додека возраста кога за првпат остваруваат контакт со интернет и гаџети, се намалува од генерација на генерација. Околу две третини од адолесцентите имаат профили на една од социјалните мрежи, и истовремено се генерално сигурни (потврдено со 79%), дека знаат како да ги користат на паметните телефони подобро од нивните родители.
Оваа актуелна тема е интересна за креативно изразување а сите заинтересирани млади креативци можат да ги споделат своите идеи и размислувања на зададената тема и да ги испратат своите предлози на: [email protected] или [email protected]
Golden Drum е реномиран интернационален маркетинг фестивал кој своето прво издание го имаше во 1993 година. Оттогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).
Овој настан се одржува еднаш годишно во Порторож и се состои од богата и разновидна програма исполнета со предавања од страна на признати меѓународни професионалци и светски ѕвезди во рекламната индустрија. Македонски Телеком втора година по ред е партнер на Golden Drum. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“
Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, овој викенд во Гевгелија и официјално започна со работа новиот, најсовремен ЏАМБО (JUMBO) маркет. Сместен во новоотворениот трговски центар „Gevgelija Mall“, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население.
Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители уживаа во целодневната програма исполнета со музика, дружење со маскоти, цртање на лице и игри со сапунени меури, што го претвори првиот работен ден на маркетот во вистински настан за градот.
Новиот објект се простира на површина од 3.000 метри квадратни, дизајниран според највисоките светски стандарди. Купувачите веќе имаат пристап до асортиман од над 20.000 артикли, вклучувајќи производи за домот, играчки, декорации и сезонски изненадувања.
Како значајна новина за купувачите во Гевгелија е интегрирањето на селектиран асортиман од брендот ВЕРО во рамките на самиот маркет. Оваа стратешка синергија им овозможува на потрошувачите на едно место да ги задоволат сите потреби за домаќинството, штедејќи време и уживајќи во квалитетот на двата силни бренда.
Генералниот директор на ВЕРО и ЏАМБО маркетите, Петар Денковски, истакна дека ова отворање е многу повеќе од проширување на продажната мрежа – тоа е исполнување на ветувањето за поддршка на локалната заедница.
„Горди сме што со оваа капитална инвестиција директно влијаеме на економскиот пулс на Гевгелија. Отворивме нови работни места и создадовме силен регионален магнет кој очекуваме да привлекува купувачи не само од градот, туку и од соседството,“ изјави Денковски.
Менаџментот на компанијата потврди дека експанзијата не застанува тука. Успешната приказна продолжува и следната година со најавеното отворање на нов маркет во Струмица, со што ЏАМБО и ВЕРО целосно ќе го заокружат своето присуство во југоисточниот дел на Македонија.
Новиот маркет во Гевгелија веќе работи со полн капацитет, нудејќи креативни решенија и производи за целото семејство, под препознатливиот слоган „За сѐ што ви треба и не сте знаеле дека ви треба“.
(ПР)
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)

