Европа
Продолжува политичката криза во Полска
Полскиот парламент во средата уште е парализиран, откако го заземаа опозициските пратеници незадоволни од тоа, како што велат, недемократските и незаконски одлуки на конзервативното мнозинство.
Опозициските пратеници ја окупираа полукружната пленарна сала на 16-ти декември, прво во знак на протестит против обидите на власта да го ограничи пристапот на медиумите на парламент, а потоа и против „незаконското“, како што тврдат, гласање за буџетот за 2017 година.
И покрај преговорите коишто партиските челници ги водеа во средата за да може долниот дом на парламентот да продолжи да работи, Сенатот во кој конзервативците исто така се во мнозинство, го одобри спорниот предлог закон за буџет, во услови на парламентарна криза каква што во Полска немаше од падот на комунизмот пред 27 години.
Опозицијата бара буџетот повторно да биде ставен на гласање, оспорувајќи дека мнозинството на партијата Правда и справедливост (PiS) гласаше за него на 16-ти декември во помошната сала за пленарни седници на парламентот.
Претседателот на PiS, Јарослав Качински, го осуди „недемократското и нелегално“ однесување на опозицијата и повтори дека сите одлуки кои ги предложила неговата партија се засновани на законот.
„Буџетот е прифатен и се надевам дека ќе биде објавен во Службениот весник откако ќе го потпише претседателот“ Анджеј Дуда, порача пред новинарите Качински.
Конзервативното мнозинство во текот на ноќта донесе одлука за новото заседание на долниот дом, и покрај окупацијата на говорницата од страна на опозицијата. Претседателот на Сејмот со минута молчење им одаде почест на неодамна починати полски дејци и по молитвата за нивните души прогласи пауза до четврток во 10 часот.
Во текот на вечерта неколку стотици демонстранти се собраа пред зградата на парламентот за да им дадат поддршка на опозициските пратеници.
Откако надмоќно победија на парламентарните избори во октомври 2015 година, PiS отвори неколку фронта, во прв ред со реформите на Уставниот суд и јавните медиумски сервиси, на што загрижено реагираа Советот на Европа и Европската комисија во врска со владеењето на правото во Полска./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.
Европа
Холандија доби ретка малцинска влада и најмлад премиер во историјата
Лидерите на политичките партии во Холандија се согласија да формираат ретка малцинска влада, беше објавено во вторник.
Центристичката проевропска партија Д66, која победи на изборите во октомври минатата година, ќе ги здружи силите со конзервативните христијански демократи и десничарската VVD во коалиција која ќе има само 66 места во долниот дом на парламентот со 150 места.
Коалицијата, исто така, нема мнозинство во Сенатот, горниот дом на парламентот, што може да блокира закони донесени во долниот дом, и ќе треба да побара поддршка од опозициските партии за да ги спроведе своите политики.
Владата ќе ја предводи лидерот на Д66, Роб Јетен, 38, кој ќе стане најмладиот премиер во холандската историја.
Се очекува пратениците на партиите да го ратификуваат договорот за коалиција во наредните денови, а формалната презентација се очекува во петок.
Останатите позиции во кабинетот ќе бидат пополнети во наредните недели, а се очекува новата влада официјално да биде именувана во рок од еден месец.

