Европа
Полската опозиција ја заврши блокадата на парламентот

Полската центристичка опозиција во четвртокот ја заврши блокадата на парламентот која траеш цел месец, откако се избори за враќање на потполниот пристап на медиумите во Сејмот, но уште не е решен судирот со владејачките конзервативци околу буџетот за 2017 година.
Опозициските пратеници ја блокираат пленарната сала во парламентот протестирајќи против намерата на владејачката партија Прво и справедливост (PiS) да го ограничи пристапот на новинарите и ја обвинија дека го изгласала буџетот за 2017 година наводно без легален кворум. Откако опозицијата ја блокираше говорницата во главната пленарна седница, конзервативното мнозинство се премести во помошната сала каде без проблем го изгласа годинешниот буџет на земјата.
Од PiS во преговорите во последен момент ги отфрлија повиците на опозицијата да се одложи отворањето на парламентот по божикните празници за да се овозможи доволно време да се реши спорот за буџетот, но во четвртокот сепак ги укинаа плановите за ограничувањето на пристапот на новинарите во парламентот.
„Земајќи во предвид дека успеавме повторно да овозможиме пристап за новинарите во парламентот, го завршуваме нашиот протест“, изјави Грегорж Шетина, челник на центристичката платформа Граѓанска платформа (PO) која PiS надмоќно ја собори од власт на изборите во октомври 2015 година.
Откако надмоќно победија на парламентарните избори во октомври 2015 година, PiS отвори неколку фронта, во прв ред со реформите на Уставниот суд и јавните медиумски сервиси, на што загрижено реагираа Советот на Европа и Европската комисија во врска со владеењето на правото во Полска./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија го нападна Харков со дронови четврти пат за една недела, четири лица загинаа

Русија лансира серија беспилотни летала во нападот на Украина во текот на ноќта, при што загинаа најмалку четири лица, а беа ранети 35 во североисточниот град Харков, соопштија регионалните власти.
Во четвртиот ваков напад врз градот оваа недела руски беспилотни летала погодија станбени области оштетувајќи неколку високи згради и предизвикаа повеќе пожари.
Спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините барајќи преживеани.
Overnight, Putin’s forces attacked Kharkiv with deadly drones. At least four civilians were killed and more than 30 injured. The target of the strike was a residential building.
A massive fire broke out at the scene, covering an area of over 600 square metres. pic.twitter.com/7q0DnIBQJB
— KyivPost (@KyivPost) April 4, 2025
„Од утрово, за жал, веќе има четворица мртви. Телото на уште едно лице ,кое беше убиено од рускиот агресор (беше извлечено) од урнатините“, рече градоначалникот Ихор Тереков на апликацијата „Телеграм“. „Имаме и 35 ранети“.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека обвинителите работат на идентификување на убиените. Во соопштението беше наведено и дека меѓу повредените во нападите со дронови има и три деца.
Украинските единици за воздушна одбрана и мобилните групи за лов на беспилотни летала соборија 42 од 78 руски беспилотни летала во текот на ноќта низ Украина, соопшти военото воздухопловство.
Минатата недела Харков беше цел на напади со руски беспилотни летала речиси секоја вечер. Градските индустриски компании и инфраструктурата беа оштетени во претходните напади, соопштија властите.
Европа
НАТО: Ова се вистинските загуби на Русите во Украина, ситуацијата е многу тешка

Русија претрпе околу 900.000 жртви откако ја започна својата инвазија на Украина пред повеќе од три години, изјави во четвртокот висок претставник на НАТО. Според податоците на НАТО, до 250.000 војници загинале во конфликтот што избувна на 24 февруари 2022 година.
Украина се брани од руска инвазија со широка поддршка на нејзините западни сојузници. Откако киевските сили успеаја да ја вратат контролата врз дел од територијата што првично ја зазеде Русија, двете страни се најдоа во повеќемесечна војна на исцрпување, при што Русите постепено остваруваа територијални придобивки.
Според оценката на НАТО, „ситуацијата на бојното поле е сè уште многу тешка“.
– Иако не очекуваме голем пробив на украинските одбранбени линии во следните неколку месеци, дури и ако Москва продолжи да напредува, веруваме дека Русија ќе продолжи да го зголемува притисокот долж линијата на фронтот и врз Украина воопшто – рече функционерот на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.
Укажувајќи на неодамнешните територијални придобивки на руските сили во источна Украина, вклучително и Торецк и во близина на Покровск, официјалниот претставник рече дека Русија ја продолжува својата стратегија за „големи загуби во замена за бавни придобивки“.
Русија претрпе 35.140 жртви само во февруари, според официјални лица. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го смета минатогодишниот ненадеен упад на непријателска територија за успешен и покрај општото повлекување на неговите војници од рускиот регион Курск.
Киев одлучи да ја донесе војната во Русија со започнување на сопствена ограничена инвазија во август.
– Целосно е фер војната да се врати таму од каде што дојде – рече Зеленски во видео обраќањето.
Европа
(Видео) Зеленски: Успехот во Курск ги спаси регионите Суми и Харков

Успехот на операцијата Курск спаси многу животи и ги заштити украинските региони Суми и Харков, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот со војниците на 36-та одвоена поморска бригада, именувана по контраадмиралот Михаил Билински, и 82-та одвоената воздушна јуришна бригада, кои учествуваат во Курск, пренесе УНН.
Според украинските медиуми, Зеленски ги сослушал извештаите за напредокот на борбените операции во одбранбената зона, а особено за тактиката на севернокорејските единици вклучени во конфликтот. Со командантите разговараше и за обуката на војниците, развојот на системи за беспилотни летала, употребата на беспилотни летала со оптички влакна и соработката во рамките на проектот Линија на дроновите.
Our warriors, our defense.
I was briefed on the course of the Kursk operation – our active operations in designated areas on enemy territory.
We continue to defend the Sumy and Kharkiv regions by destroying the occupiers on the approaches to our land.
I’m grateful to all the… pic.twitter.com/xxYcYZSkzs
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 3, 2025
Зеленски истакна дека му претставува чест лично да им се заблагодари на војниците и да им додели државни награди. „Цела Украина е благодарна за вашата храброст и издржливост“, додаде претседателот.