Скопје
Нормализирана испораката на топлинска енергија во Центар и Карпош

Испораката на топлинска енергија во централниот дел на Скопје и делови од општина Карпош е нормализирана, соопштија во четвртокот вечерта од компанијата оператор „Балкан енерџи Груп“ (БЕГ).
Eкипите на Дистрибуција со топлина „Балкан енерџи Груп“ повторно ја воспоставија испораката на топлинска енергија за потрошувачите во централното градско подрачје и делови од општина Карпош.
Потрошувачите од овие делови на Скопје постепено, во текот на вечерва добиваат нормална испорака на топлинска енергија, се вели во соопштението.
Од „Балкан Енерџи Груп“ додаваат дека со оглед на тоа што се работи за поголем дефект во топлинската мрежа, нивните екипи ќе останат на терен и во текот на ноќта и ќе работат на целосно отстранување на дефектот со цел, како што истакнуваат, да се обезбеди редовно и стабилно снабдување во системот на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Детска атлетика со Кокан Ајановски на Кејот на Вардар

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите деца од Скопје, заедно со нивните родители да се приклучат на спортска дружба и забава со познатиот македонски атлетичар Кокан Ајановски. Настанот ќе се одржи во среда, 13 август, со почеток во 19:00 часот кај скалите под Хотел „Парк“ на Кејот на Вардар и е во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“.
Дечињата ќе имаат можност да трчаат заедно со Кокан, да научат повеќе за атлетиката и да уживаат во позитивната енергија на спортот.
Герасимовски истакнува дека со овие активности им нудиме на децата што летово остануваат во градот можност за дружење, забава и нови спортски искуства.
„Верувам дека ваквите спортски дружби се најдобриот начин децата да го поминат летото активно и креативно. Нашата цел е да им создадеме моменти кои ќе ги паметат, но и да ги поттикнеме да го засакаат спортот како дел од нивното секојдневие. Спортот не само што го зајакнува телото, туку гради и тимски дух, дисциплина и самодоверба која е важна за развојот на децата. Ве чекаме во среда на Кејот на Вардар“, вели Герасимовски.
Настанот „На одмор сум, во Центар сум“, се реализира во рамки на Програмата за култура на Општина Центар за 2025 година. Целта е да се збогатат спортските, рекреативните и културните содржини за учениците кои не заминале на летен одмор.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).