Свет
Сенатот даде одобрение за номинацијата на Матис за шеф на Пентагон
Американскиот Сенат го одобри во четвртокот изземањето што ќе овозможи пензионираниот генерал Џејмс Матис да биде именуван за министер за одбрана, со што е изземен од законот кој им забранува на воените офицери седум години по напуштањето на активната служба да извршуваат цивилна функција.
Сенатот гласаше со 81 глас „за“ и 17 „против“. Тоа изземање мора да го потврди и Претставничкиот дом за да може генералот Џејмс Матис да биде именуван за челник на Пентагон.
Матис, кој се пензионираше во 2013 година, технички не ги задоволува условите за новата должност, бидејќи притоа не бил цивил најмалку седум години. Тоа значи дека Конгресот во неговиот случај мора да направи исклучок, што не го сторил од 1950 година.
Односно, Џејмс Матис би бил првиот поранешен генерал кој би станал министер за одбрана по Џорџ Маршал во 1950 година во мандатот на претседателот Хари Труман.
Пензионираниот генерал изјави во сослушувањето пред сенатската комисија за вооружени сили дека Русија, Кина и исламските милитанти се најголемиот предизвик за „светскиот поредок од Втората светска војна“.
Матис особено во сослушувањето ја потенцираше својата намера да развие стратегија за спротиставување на Русија.
„Би сакал заедно со новиот Совет за национална безбедност да развиеме борба против Русија…“, рече Матис, кој меѓу руските „предизвици“ ги наведе и вмешаноста во хакирањето и информатичката војна. Наведе и „кршења на договори, дестабилизација на други земји со разни тактики“ и „алармантните пораки на Москва во поглед на користењето на нуклеарното оружје“.
Во однос на Русија, Матис, исто така, изјави дека има скромни надежи дека Вашингтон и Москва можат да ги надминат сегашните тензии и ангажирање во конструктивна соработка. „Имам многу скромни очекувања во врска со соработката со г-дин Путин“, изјави кандидатот за шеф на Пентагон.
Притоа пензионираниот генерал одби да одговори дали ја поддржува идејата за натамошно заострување на санкциите на САД против Русија. Тој предложи да се почека да биде формирана новата администрација и да ја развие својата позицијата во овој поглед.
Покрај русите активности и заканите од исламските терористи, Матис рече и дека активностите на Кина во Јужно-Кинеското Море претставуваат „сé посилните закони за глобалната стабилност“ и нагласи дека развојот на односите со Пекинг мора многу внимателно да биде планиран.
Во поглед на Иран и неговото влијание на Блискиот исток, Матис смета деа Техеран е „најголемата десттабилизирачка сила на Блискиот исток и дека неговите политики се спротивни на американските интереси“.
Кога станува збор за Ирак, смета дека главна цел би требало да биде оваа земја да не стане сателитска „раскината држава на режимот во Техеран“.
Матис, исто таа, ги поддржува силните меѓународни сојузи и смета дека НАТО е клучен за американската безбедност. „Историјата е јасна: нациите со силни сојузници просперираат, а они кои ги немаат пропаѓаат“, заклучи генералот.
Пензионираниот генерал Џемјс Матис, познат како „Бесното куче“, беше жесток критичар на политиката на актуелниот американски претседател Барак Обама на Блискиот исток, особено во однос на Иран. За Иран тој зборуваше како за „најголемата закана за стабилноста и мирот на Блискиот исток“.
Генералот Џејмс Матис учествувал во војните во Авганистан и во Ирак. Бил Врховен командант на здружените вооружени сили на НАТО за трансформација, началник на Заедничката команда на вооружените сили на САД, началник на Централната команда на американски војски. Матис отстапи од должностите и се пензионираше во 2013 година. Во политичките кругови е познат како ткн тврдолинијаш, кој за Русија смета дека има намера да го „растури НАТО“, а за Кина дека „игра на противречностите“ меѓу американските сојузници
Матис беше еден од „финалистите“ за оваа клучна позиција во следната американска администрација. Трамп вети дека ќе ја интензивира борбата против џихадистичката организација исламска држава во Сирија и во Ирак, двете боишта кои овој генерал добро ги познава.
Новиот американски претседател својата одлука за челникот на Пентагон ја објави пред неколку илјади приврзаници на првиот митинг на благодарноста./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците
Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку позитивни, продолжија да ослабуваат.
Според ново истражување, 37% од граѓаните го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување во однос на 40% минатата есен, а само 27% од Американците ги поддржуваат сите или повеќето од неговите политики, во споредба со 35% на почетокот на неговиот втор мандат.
Во исто време, двојно повеќе луѓе велат дека постапките на администрацијата се полоши (50%) отколку подобри (21%) отколку што очекувале, според Pew Research Center.
- Одобрување за работата на Трамп: 37%
- Поддршка за сите или повеќето политики: 27%
- Акции полоши од очекуваното: 50%
- Акции подобри од очекуваното: 21%
Анкетата спроведена на 8.512 возрасни Американци од 20 до 26 јануари, исто така, покажува дека довербата на јавноста во шест клучни особини и способности потребни за извршување на претседателската функција значително се намалила во споредба со минатата година, при што падот е особено изразен кај републиканците.
Денес, 34% од Американците изразуваат голема или екстремна доверба во лидерските вештини на Трамп, додека мнозинството (51%) имаат мала или никаква доверба. Слично на тоа, околу половина од анкетираните не се сигурни во неговата ментална (52%) или физичка (50%) способност да ја завршат работата. Постои уште помал процент на оние кои веруваат дека Трамп ги почитува демократските вредности (25%) или дека избира добри советници (25%).
- Висока доверба во лидерските вештини: 34%
- Мала или никаква доверба во лидерските вештини: 51%
- Недоверба во менталните способности: 52%
- Недоверба во физичките способности: 50%
Американците имаат најмалку доверба во способноста на Трамп етички да ги извршува своите должности. Само 21% веруваат дека тој тоа го прави, додека 60% изразуваат мала или никаква доверба. Иако довербата во етиката на Трамп беше исто така ниска минатата година (29%), таа опадна за осум процентни поени од тогаш, при што речиси целиот пад е забележан кај републиканците.
Имено, на почетокот на неговиот втор мандат, 55% од републиканците и гласачите кои се наклонети кон нив им веруваа на етичките постапки на Трамп, а денес тој удел е 42%.
- Веруваат дека ги почитува демократските вредности: 25%
- Веруваат дека избира добри советници: 25%
- Веруваат дека ги извршува своите должности етички: 21%
- Мала или никаква доверба во етиката: 60%
Сличен модел на опаѓање на довербата кај републиканците е очигледен и кај другите пет анализирани особини. На пример, процентот на републиканци кои веруваат дека Трамп ги почитува демократските вредности се намалил од 60% на 52%, а оние кои се уверени во неговиот ментален капацитет се намалил од 75% на 66%. Довербата на демократите во Трамп останува исклучително ниска според сите овие мерки.
Трамп моментално има рејтинг на одобрување од 73% за неговите работни перформанси, малку намален во однос на септември. Неговата поддршка останува силна кај постарите Американци, белците и оние без факултетска диплома.
Европа
(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот
Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.
Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.
Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува Futurism.
A ground-based robotic complex captures three Russian soldiers. Zero Ukrainian casualties.
This is how Ukraine fights in 2026.
During a combat mission, Ukraine deployed the Droid TW-7.62 ground robot and forced 3 Russians troops to surrender. — Militarnyi. pic.twitter.com/dEDMpECZoB
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) January 28, 2026
Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.
Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.
Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.
Свет
Трамп тврди дека Путин се согласил на прекин на огнот, пристигна првата реакција на Зеленски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговиот руски колега, Владимир Путин, се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.
„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.
Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.
Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили објавија дека московските сили лансирале повеќе од 100 беспилотни летала во Украина преку ноќ, при што се регистрирани 18 погодоци во различни области.
По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски.
An important statement by @POTUS about the possibility of providing security for Kyiv and other Ukrainian cities during this extreme winter period. Power supply is a foundation of life. We value the efforts of our partners to help us protect lives. Thank you, President Trump! Our…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 29, 2026
Претходно денес, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија го смета примирјето што го бара украинскиот претседател Володимир Зеленски за неприфатливо.
Претходно, се појавија непотврдени извештаи дека и руските и украинските сили добиле наредби привремено да ги запрат нападите врз енергетската инфраструктура. Информациите беа раширени преку воени блогови и канали на Телеграм, без официјална потврда од Москва или Киев, а беа објавени од „Киев Пост“.
Според про-Кремљ блогерот Владимир Романов, на руските сили наводно им било забрането да напаѓаат инфраструктурни објекти низ цела Украина, вклучувајќи го Киев и неговата околина, како и трафостаници, термоцентрали, хидроелектрани и објекти за складирање гас, нафта и гориво.
Забраната, според овие тврдења, требало да трае до 3 февруари. Во исто време, украинскиот канал Супернова+ објави дека слична усна инструкција наводно стигнала до украинските војници, со повик да не се напаѓа руската енергетска инфраструктура.
Овие извештаи потоа беа поврзани со трилатерални разговори одржани во Абу Даби на 23 и 24 јануари, во кои беа вклучени и САД.
„Фајненшл тајмс“ објави дека се водени разговори за евентуално запирање на руските напади врз украинските енергетски објекти во замена за воздржување на Киев од напади врз руските нафтени објекти и танкери. Сепак, некои украински канали предупредија дека нема конечен договор и дека секоја пауза ќе биде краткотрајна.
Украина се подготвува за екстремен студен бран, при што температурите во некои делови од земјата веројатно ќе паднат на -30 степени Целзиусови во наредните денови.
фото/Depositphotos

