Вести
Идниот шеф на Пентагон тврди дека Путин сака да го уништи НАТО
Пензионираниот американски генерал Џејмс Матис, кој воедно од страна на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп беше поставен за нов шеф на Пентагон, во четвртокот во пишаното сведочење пред Конгресот навел дека смета оти рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го уништи НАТО, пренесуваат светските агенции.
„Во овој момент најважна работа е да ја признаеме реалност на она со што се соочуваме кога во прашање е господинот Путин и да признаеме дека тој се обидува да го уништи Северноатланскиот сојуз“, навел Матис.
Тој додал дека САД мора да преземат „дипломатски, економски и воени чекори поврзани со Алијансата“, соработувајќи со своите сојузници за да се одбранат „таму каде што мораат“. Матис навел дека и САД мора да бидат подготвени да му се спротивстават на однесувањето на Русија во подрачјата во кои двете земји не можат да соработуваат.
Матис, кој доколку добие позитивно мислење од страна на американскиот Конгрес ќе стане нов министер за одбрана на САД, во четвртокот требаше лично да се појави пред конгресмените, но тимот на Трамп изненадно го откажа неговото доаѓање.
„Ние се ангажиравме заедно со Русија дури и во најмрачните денови од Студената војна и ја поддржувам секоја желба на новоизбраниот претседател да се ангажира во работата со Русија. Истовремено, кога ќе ги идентификуваме останатите подрачја во кои не можеме да соработуваме, ние мораме да се спротивставиме на руското однесување и да се браниме доколку Русија одлучи да делува против нашите интереси“, напишал Матис.
Помеѓу предизвиците кои ги поставила Русија, Матис ги навел и руското учество во хакирањето и војната на информациите за време на предизборната кампања во американските претседателски избори. Идниот шеф на Пентагон исто така изјавил дека дека „Кина ја губи довербата долж своите периферии“, поради тоа што засилувањето на воените капацитети на Кина во Јужното кинеско море ги зголеми тензиите помеѓу Пекинг и неговите соседи во регионот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.