Регион
Воз со српски православни мотиви ќе сообраќа од Белград до Косовска Митровица

За првпат по повеќе од 18 години српските власти воведуваат пробна железничка линија помеѓу Белград и Косовска Митровица, а новиот руски воз кој ќе сообраќа на оваа релација е украсен со мотиви од културното и духовното наследство на Србите од Косово, пренесуваат српските медиуми.
Пробната линија Белград – Косовска Митровица ќе биде воспоставена од 20-ти јануари до 26-ти февруари, по што ќе биде одлучено дали оваа линија ќе стане и редовна. Возот во внатрешноста е украсен со фрески од четири манастири на Косово кои се на заштитената листа на УНЕСКО од 2004-та година, а од 2006-та се и на загрозената листа на светски културни наследства, односно тоа се манастирите во Грачаница, Високи Дечани, Богородица Левишка и Пеќката патријаршија.
Возот од надворешната страна е украсен со знамето на Србија и со називите на најубавите српски цркви, манастири и средновековни градови на Косово, како и натписот „Косово е Србија“ на 21 јазик, меѓу кои и на албанскиот.
Директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјавил дека не очекува косовските власти да го спречат возот при влегувањето во Косово, додавајќи дека ваквиот третман би имал врска со национализмот, шовинизмот и ограничувањето на основните човекови права.
„Има над десетина автобуси дневно кои одат од Белград до Приштина и Косовска Митровица, како и од другите градови. Не гледам зошто би постоела разлика во врска со оваа линија, чија цел е подобро да се поврзат деловите на нашата земја“, рекол Ѓуриќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.
Регион
Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.
Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.
Фото: принтскрин