Регион
Москва: Американските обвинување за кршење на нуклеарниот договор се неосновани
Русија ги отфрли американските обвинувања дека го крши договорот за уништувањето на нуклеарните ракети со мал и среден дострел како неосновани и најави сопствени приговори за САД во врска со споменатиот договор.
„Им посветивме внимание на искажувањата на официјални лица од САД во однос на наводните прекршувања од страна на Русија на договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел. Овие изјави се целосно неосновани, како што и сѐ она што во последно време се слуша во Москва во редица претензии на Вашингтон по други поводи. Во основа, не се дава апсолутно никаков доказ“, одговори руската дипломатија.„Се собраа многу приговори за САД во контекстот на Договорот за уништување на ракетите со среден и кус дострел (INF). Станува збор за американското производство и тестирање на проектили, за вооружени беспилотни летала кои спаѓаат во категоријата крстосувачки ракети кои се лансираа од копно, како што е дефинирано со INF“, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи.Во Москва повикаа да се разгледаат сите меѓусебни побарувања за Договорот директно „во работен режим“, не прибегнувајќи кон „дипломатските мегафони“. „Во Вашингтон не сакаат да нѐ слушаат. Во овој случај, како и во други спорни прашања со нас, се слушаат само себеси“, велат во руската дипломатијата. Москва, исто така, ја истакнува и намерата на САД да размести во Полска и во Романија лансирни системи „МК-41“. „Овие лансери се способни за истрелувањето крстосувачки ракети со среден дострел, и нивната копнена верзија може да се разгледува како директно нарушување на INF“, соопшти руското министерство за надворешни работи. Русија така реагираше на американските обвинувања дека таа го прекршува договорот за контрола и намалување на нуклеарните стратешки потенцијали до 1988 година. НАТО во средата објави дека САД ги информирале амбасадорите на 27-те земји членки за својата оцена дека Русија ги крши обврските од тој договор. „Русија би требала да се врати на целото почитување на INF на начин кој може да се провери, и така конструктивно да придонесе кон решавањето на ова важно прашање и зачувувањето на Договорот“, се вели во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.Договорот за уништување на ракетите со среден и кус дострел (INF) стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година како договор меѓу САД и поранешниот Советски сојуз пред да стане мултилатерален договор по распадот на СССР. Договорот „ги обврзува двете страни да уништат во рок од најдоцна три години од стапување на договорот на сила сите балистички и крстосувачки ракети кои се истрелуваат од земја со дострел од 500 до 1.000 километри и оние со дострел меѓу 1.000 и 1.500 километри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Снимени лицата што фрлија бомба врз куќата на Здравко Чолиќ: камерите го забележаа моментот на нападот
Безбедносните камери во вилата на Здравко Чолиќ на Дедиње го снимиле моментот кога двајца непознати мажи фрлиле рачна граната врз домот на пејачот точно во 5 часот наутро вчера, дознава српски Телеграф.
За среќа, нема жртви, а Телеграф неофицијално дознава дека полицијата веќе има видео снимки на кои се гледа како двајцата напаѓачи се приближуваат кон оградата и ја активираат експлозивната направа.
Бомбата била фрлена директно кон влезната врата од двајца маскирани мажи, а експлодирала на терасата точно на влезот. Снимките од видео надзорот се во фокусот на истрагата што ја води Вишото јавно обвинителство, бидејќи ги прикажуваат движењата на напаѓачите пред и по детонацијата.
Иако никој не е повреден во моментот на нападот, материјалната штета на имотот е голема. Гранатите зафатиле сè во радиус од неколку метри. Фасадата околу влезната врата била уништена, а од силата на ударот биле скршени прозорците и оштетена масивната порта. Гранатите оштетиле и автомобили.
Експлозивната направа ги скрши и прозорците од гаражата на Адис Гојак, поранешниот менаџер на Чолиќ, за кого истражителите наводно се сомневаат дека можеби бил вистинската цел на нападот, како и прозорците на вториот кат од куќата. Друга куќа претрпе помала штета, со скршени прозорци.
Инспекторите на криминалистичката полиција и обвинителството моментално работат на идентификување на лицата на снимката. Се проверуваат и податоците на телеоператорот, како и другите камери во областа за да се утврди дали напаѓачите имале сојузници кои ги чекале во автомобилот.
Полицијата ќе разговара со Чолиќ кога ќе се врати во Србија
Чолиќ исто така се огласи. „Јас сум во Загреб, каде што ги завршувам последните песни за новиот албум. Сè е во ред во Белград, фала му на Бога што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во текстовите се протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите.
Мислам дека е важно информациите да се дистрибуираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, изјави тој за „Уна“. За време на истрагата ќе се утврди дали Чолиќ бил целта и кој бил мотивот, со оглед на тоа што вчера веќе се појавија информации дека бомбашите можеби „направиле грешка“. Полицијата ќе разговара со Чолиќ кога тој ќе се врати во Србија.
Регион
14 мигранти загинаа во судир со брод на крајбрежната стража кај Грција
14 мигранти загинаа во Егејското Море откако нивниот брод се судри со брод на крајбрежната стража кај грчкиот остров Хиос, соопшти крајбрежната стража. Службеник на крајбрежната стража изјави дека го забележале бродот што превезувал мигранти кон грчкиот остров Хиос и им наредил да се вратат назад.
„Шверцерите маневрирале кон бродот на крајбрежната стража, предизвикувајќи го судирот“, изјавил службеникот за Ројтерс. Ројтерс не можел независно да потврди точно како се случил судирот. Двајца припадници на грчката крајбрежна стража биле однесени во болница на Хиос, заедно со 25 спасени мигранти, според првичните информации од крајбрежната стража, објави АФП.
Меѓу повредените се бремена жена и седум деца, објавија грчкиот јавен радиодифузен сервис ЕРТ и новинската агенција АНА. Крајбрежната стража соопшти дека е во тек операција за пребарување и спасување, со помош на бродови на крајбрежната стража, приватни чамци и нуркачи.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)

