Контакт

Регион

Албанија ги намалува дипломатските претставништва

Објавено пред

Со одлука на Владата, Република  Албанија започна со намалување на дел од дипломатските претставништва во светот, чекор кој беше најавен со преземањето на власта од страна на Еди Рама.

Во првата фаза државата ќе ги затвори амбасадите во Босна и Херцеговина, Индија, Малезија и Португалија, а како што истакнува албанското министерство за надворешни работи ваквите одлуки се спроведуваат веднаш.

 

Во наредниот период се очекува Албанија да затвори и други амбасади и конзулати  во некои други земји. 

 

Владата смета дека поради надминување на економските проблеми земјата треба да работи по економски и на дипломатски план со цел да се намалат трошоците ./крај/мф/мн

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

Објавено пред

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар град“ во Работничката улица.

Во Белград на Плоштадот на слободата и оваа вечер се собраа граѓани, каде некои од учесниците се обратија до насобраните.

Граѓаните во прошетка и денеска ги предводеше активистот и член на Здружената акција „Покрив над глава“, Миран Погачар.

Повеќето од насобраните носат заштитни маски. Организаторите и денеска подготвија импровизирано мобилно озвучување.

Неколку стотина луѓе се собрааво близина на собранието, каде четири дена по ред се одржуваат насилни протести. Иако насобраните луѓе се наоѓаат во Пионерскиот парк, сепак сообраќајот на плоштадот Никола Пашиќ е затворен.

Демонстранти засега нема пред оградата која изминатите вечери ги делеше граѓаните од полицијата и зградата.

Нема видливо присуство на униформирани припадници на полицијата, пренесуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Објавено пред

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19.

Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран рекорден број на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Во изминатото деноноќие во Хрватска се регистрирани 140 нови случаи на заразени со Ковид-19, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 1.088 лица. Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на коронавирус, досега се евидентирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 заздравеле. Вчера Хрватска имаше регистрирано 116 случаи на новозаболени.

Здравствените власти во Босна и Херцеговина јавија за рекордни 316 случаи на заразени, што е зголемување во споредба со еден ден порано, кога беа регистрирани 310 новозаболени.

Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со Ковид-19 во Албанија.

„Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови“, велат од албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Состојбата со денови е алармантна и во Србија каде пред два дена имаше 266 новозаразени, а денес бројката изнесува 345.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија 345 новозаразени, починаа 12 лица

Објавено пред

Во Србија потврдени се 345 нови случаи на ковид-19, а во изминатото деноноќие починале 12 лица.

 

Како што соопштија српските медиуми, направени биле 7.032 тестирања.

Во моментов на респиратор се 139 пациенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет12 минути

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет27 минути

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија1 час

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион14 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија15 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија18 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ19 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион19 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија19 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион20 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион2 дена

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет2 дена

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион2 дена

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Досие