Контакт

Надворешна политика

ВМРО-ДПМНЕ: Грчкиот претседател сака да ги влоши односите помеѓу Македонија и Грција

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји, и наместо решавање на спорот, негово усложнување, со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос дека „инсистирањето на името Македонија е фалсификување на грчката историја“.

 

„Изјавите кои наликуваат на истите во раните деведесети години од минатиот век нема да не однесат кон решение на проблемот, туку ќе не вратат токму таму, во 1991 година. Ваквите изјави ги анулираат напорите на Република Македонија за спроведување на мерки на доверба меѓу двете земји. Тие се без никаква смисла во услови кога најмалку еднаш месечно грчкиот претседател јавно ни кажува дека ако не се откажеме од името Македонија, никогаш нема да станеме членка на ЕУ и НАТО. Со оглед дека никој ниту во Грција ниту во ЕУ и НАТО не реагира на овие изјави, граѓаните на Македонија ги примаат изјавите како заеднички“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Тоа сигурно не оди во правец дека наскоро ако го донесеме овој или оној закон, мерка или реформа има дури и најмали изгледи да започнеме преговори со ЕУ и да добиеме покана за НАТО“, порачуваат од партијата.

 

„Во една ваква ситуација, каде што Грција соопштува дека нема да дозволат да се користи името Македонија од наша страна како услов за НАТО и ЕУ, го прашуваме СДСМ како планира да за 6 месеци или 1 година да почнеме преговори за членство во ЕУ, став кој тие јавно го промовираа. Дали планираат име во кое нема да се содржи зборот Македонија? Ако не го планираат тоа, тогаш нека соопштат како планираат за 6 до 12 месеци да почнеме преговори со ЕУ“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија13 часа

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет14 часа

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет14 часа

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија1 ден

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет1 ден

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ1 ден

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија1 ден

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија2 дена

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија2 дена

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет2 дена

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет2 дена

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет2 дена

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија2 дена

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура2 дена

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија2 дена

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија2 дена

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија2 дена

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија2 дена

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...