Контакт

Компании

Microsoft планира укинување на неколку илјади работни места

Објавено пред

Компанијата „Microsoft“ го планира најголемото укинување на работни места во последните пет години, што е последица од интеграцијата со неодамна преземениот оддел на „Nokia“ за мобилни телефони, објави агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на компанијата.

dobivaj vesti na viber

 

Отказите, коишто би можеле да бидат објавени веќе кон крајот на оваа седмица, би ги зафатил одделот на „Nokia“ и делови од „Microsoft“ кои се преклопуваат со преземените работи, како секторите на маркетинг и инженеринг.Откако пролетва ги презема работите на „Nokia“ во врска со мобилната телефонија, „Microsoft“ има вкупно 127 илјади вработени, многу повеќе од големите ривали „Google“ и „Apple“. На Волстрит очекуваат дека извршниот директор Сатја Надела ќе преземе одредени мерки во врска со ова прашање.Тоа реструктуирање би можело да биде најголемото во историјата на „Microsoft“, и да го надмине она од 2009 година кога беа укинати 5.800 работни места, се наведува во извештајот. Намалувањето на бројот на вработените би го зафатило одделот за маркетинг како и за тестирање на софтвер, но би можеле да бидат укинати и некои други работни места, имајќи ги предвид промените во организацијата на најголемиот производител на софтвер во светот коишто ги најави Надела. Надела претходно изјави дека ќе ги изложи деталните организациски и финансиски планови за тековната деловна година при објавувањето на кварталниот деловен извештај на компанијата за 22-ри јули./крај/мф/сн

Извор: Bloomberg



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација

Објавено пред

Компанијата „Алкалоид“ започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување.

dobivaj vesti na viber

„Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на сегментот ПЦ Фармација, преку имплементирање на современата софтверска платформа AlkaLIMS (Laboratory Information Management System). Спроведувањето на овој нов проект значи интегрирање на сите лабораториски процеси, вклучувајќи ја секоја процесна фаза – од земање примерок до издавање сертификат за анализа на производ во рамките на една дигитална платформа.

AlkaLIMS како софтверско решение се имплементира со цел значително унапредување на повеќе аспекти од лабораториското работење во рамките на Контрола на квалитет, Истражување и развој и Технички опeрации за произвoдство, меѓу кои: зголемување на ефикасноста и на продуктивноста; унапредување на регулаторната усогласеност, на можностите за обезбедување интегритет и следливост на податоците и на процесите поврзани со контрола на производите; централизирано управување со податоци; интеграција на севкупната аналитичка опрема во една платформа; намалување на оперативните трошоци и стимулација на процесите за континуирано подобрување.

Како напредно и отворено софтверско решение, AlkaLIMS нуди можност за тековно надградување со нови модули, во согласност со потребите на компанијата. Партнерска компанија на „Алкалоид“ во овој проект е светски реномираната корпорација LabWare од Соединетите Американски Држави.

AlkaLIMS е од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, но и значајна референција во амбициозната агенда на „Алкалоид“ за целосна дигитална трансформација. Kако глобална и иновативна компанија, „Алкалоид“ континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија, а приспособливоста и искористувањето на иновативните технологии се важен императив во насока на унапредување и на усовршување на сите аспекти во работењето.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Возилата Грин Машинс на БРАКО на саем во САД

Објавено пред

На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија.

dobivaj vesti na viber

Станува забор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица за комунални прашања од стотици американски градови.

Еколошките и технолошки напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во македонската фабрика Брако, предизвикаа голем интерес поради нивниот модерен дизајн, ефикасноста и ефективноста што ја покажуваат при чистењето, економичноста и еколошките карактеристики.

На саемот беа изложени електричните модели 500 ZE и 400 ZE, како и унапредениот дизел модел 636, кои се најпродавани модели во палетата и се користат во повеќе од 60 земји на сите континенти во светот.

Возилата Грин Машинс се продаваат на американскиот континент преку фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија и преку застапништвото во Мексико.

На саемот за комунални работи PWX 2024, кој е во организација на Американската Асоцијација за комунални работи, учествуваа околу 500 изложувачи, меѓу кои и најпознатите светски брендови во сферата на одржувањето хигиена во урбани средини со возила на класичен, електричен и водороден погон, а велешки БРАКО произведува модели на сите три погони.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

„А1 Македонија“ прославува со своите корисници: 50 проценти роденденски попуст за 5 години „А1“

Објавено пред

А1 Македонија, телекомуникациска компанија членка на Групацијата А1, ја прославува својата петта година од претставувањето на брендот на македонскиот пазар. Компанијата е горда на своите достигнувања во минатите пет години исполнети со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди и воведување нови технологии и содржини со кои ја овозможува дигитализацијата на целото општество.

dobivaj vesti na viber

„Лидерската позиција на пазарот и довербата на корисниците во изминативе 5 години се доказ за нашата посветена работа и континуираното инвестирање во премиум корисничко искуство. Изградивме најмодерна мобилна и оптичка мрежа, ги усовршивме сите наши производи и услуги, вложивме во нови најнапредни технологии, во атрактивни содржини, сè со цел да ги поврземе нашите корисници и да овозможиме да ги споделуваат најважните моменти во животот“, изјави Методија Мирчев, главен извршен директор на А1 Македонија.

Големото А1 семејство надминува милион корисници на мобилни и фиксни услуги, што претставува потврда за довербата во поглед на достапноста и квалитетот на услугите на компанијата.

„Задоволните корисници се нашиот секојдневен поттик за постојано да се подобруваме и да растеме. Затоа, продолжуваме со уште посилно темпо и понатаму да обезбедуваме најдобри понуди, супериорна корисничка услуга и врвни технологии. Сигурни сме дека сето ова ќе донесе уште повеќе вредност, многу повеќе комуникација и поврзаност. Kако и секогаш, најважните моменти ги славиме сите заедно и денес ја почнуваме роденденската кампања ‘Животот е прекрасен со тебе’, со која внесуваме позитивна енергија во светот околу нас и многу придобивки за нашите корисници“, изјави Мирчев.

Како дел од кампањата „Животот е прекрасен со тебе“ А1 воведува атрактивна понуда, со која сите нови и постојни приватни постпејд корисници што ќе направат обнова на својот договор, добиваат ексклузивна можност за 50 % попуст за нов паметен уред. Со А1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Ultra M имаат можност да го добијат извонредниот iPhone 15 5G 128GB за месечна рата од 999 денари. Додека, пак, сите нови и постојни бизнис-корисници со А1 Net Business Pro M и две мобилни линии А1 Business Pro М добиваат 50 % попуст за нов паметен уред SAMSUNG Galaxy S24 5G 8/128GB, со 287 денари месечна рата.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион14 часа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија15 часа

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ17 часа

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Спорт19 часа

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион19 часа

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија19 часа

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...

Спорт22 часа

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Скопје23 часа

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ1 ден

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија2 дена

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија2 дена

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија2 дена

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...

Македонија2 дена

Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите

Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и...

Топ2 дена

Во ауди криел 50 килограми марихуана

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода...

Топ2 дена

Шестгодишно дете почина играјќи фудбал, му се слошило, но лекарите не можеле да го реанимираат

Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот...

Регион2 дена

Страшни детали од поплавите во Босна и Херцеговина, загина трудница, а брачен пар се најдени гушнати

Во страшните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина, една од жртвите е и 29-годишна трудница од Јабланица. Брачна...

Свет2 дена

Се повеќе мали деца се дебели, предупредува ФАО

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека прекумерната тежина кај деца под пет години, анемијата кај...

Регион3 дена

(Видео) Маж од Јабланица: Спасивме момче чии родители загинаа на лице место, детето беше под ѕид

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален...

Регион3 дена

(Видео) Нереални снимки од Босна и Херцеговина, местото се претвори во река, отсечено е од светот

По обилните дождови во Босна и Херцеговина, многу градови беа погодени од поплави, одрони и свлечишта, меѓу кои и Бутуровиќ...