Контакт

Европа

Украина: Експлозии во Л’вов, продолжува пресметката со Десниот сектор

Објавено пред

Две експлозии одекнаа една по друга одекнаа во вторникот претпладнето близу два полициски пункта во западниот украински град Л’вов, што украинското министерство за внатрешни работи ги квалификуваше како терористички акти поврзани со зголемените тензиите меѓу власта во Киев и неонацистичкото движење Десен сектор, по престрелката од саботата во градот Мукачево во Закарпатската област, кога имаше жртви, а претседателот Петро Порошенко нареди разоружување на сите нелегални вооружени групи.

dobivaj vesti na viber

Во вторникот утрото во Л’вов една по друга одекнаа две експлозии во близина на полициски пунктови, при што настрадаа два инспектора. Министерството за внатрешни работи на Украина веднаш ги поврза овие инциденти со саботните вооружени пресметки меѓу Националната гарда и припадниците на доброволечките одреди кои се борат на истокот против рускојазичните бунтовници на ултранационалистичкото движење Десен сектор, во по имаше најмалку тројца загинати и осум ранети во Мукачево во Закарпатската област.

„Градоначалникот Андриј Садов, објави дека во градот ќе бидат засилени безбедносните мерки и ќе биде подобрена координацијата на сите служби“, се наведува во соопштението на градските власти на Л’вов.

„Станува збор за нетипична ситуација, сé се случи во иста област во интервал од 20 минути. Се надевам дека службите за спроведување на законот, безбедносните служби и обвинителството квалитетно ќе ја извршат својата работа и злосторниците ќе бидат откриени и казнети. Не знам кава е целата; да се создадат проблеми или да се заплашува, но сметам дека Л’вов не може да се заплаши. На секој удар што ќе биде примен ќе биде возвратено“, се вели во писмената изјава на градоначалникот на Л’вов.

Украинското министерство за внатрешни работи објави дека експлозиите ги квалификува како терористички напад.

Истовремено, украинскиот претседател Петро Порошенко им нареди на безбедносните сили да ги разоружат сите вооружени групи во земјата по судирите меѓу Десниот сектор и полицијата, „Ниедна политичка сила не смее да има вооружени групи и ниедна нема да ги има“, рече Порошенко на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Истакна дека појавата на вооружените униформирани лица во Мукачево, кој инаку е повеќе од илјада километри оддалечен од линијата на фронтот на истокот од земјата, претставува обид да се дестабилизира земјата, но притоа не наведе кои сили стојат зад таквите обиди.

„Властите тоа нема да го дозволат“, истакна Порошенко наредувајќи му на Министерството за внатрешни работи и на Службата за безбедност на Украина (СБУ) да ги разоружат нелегалните вооружени формации.

Порошенко во вторникот го потврди она на што предупредуваа претходно украинските политички аналитичари, дека судирот во Мукачево, кое се наоѓа на границата со Словачка и Унгарија, каде што Десниот сектор нападна на спортски комплекс во сопственост на пратеникот Михаил Лењу, е борба за контрола над каналите за криумчарење.,

Од друга страна, портпаролот на Десниот сектор, Артјом Скоропадски, изјави дека наредбата на претседателот не се однесува на оваа ултранационалистичка органзиација, која во меѓувреме ја доби поддршката од доброволечкиот баталјон на Организацијата на украинските националисти (ОУН) .

„Изјавата на Порошенко се однесува на нелегално вооружените групи, а ние тоа не сме. Тоа се бандити, а ние сме доброволци кои ги штитат независноста и територијалниот интегритет на Украина, па оттаму тоа не се однесува на нас“, изјави Скоропадски за руската агенција РИА, каде што инаку ова антируско движење е забрането.

Но следниот чекор на претседателот Порошенко укажува дека се разгоруваат тензиите со Десниот сектор кој организираше протесни митинзи во повеќе градови, вклучително и во Киев. Тој порача и да се даде правна оцена на откако портпаролот на Доброволечкиот украински корпус Андреј Шаркасин во неделата објави дека борците на Десниот сектор ги напуштаат позициите во источна Украина поради настаните во Мукачево,а во понеделникот ја демантираше./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Објавено пред

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.

Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.

Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Објавено пред

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.

dobivaj vesti na viber

„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.

Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.

Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.

Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.

„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.

„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.

Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.

Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека...

Македонија9 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија9 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ9 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ10 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет13 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија13 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија13 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт14 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија1 ден

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија1 ден

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ1 ден

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...