Свет
Пекинг му порача на Трамп дека за начелото „една Кина“ не преговара
За признавањето не една Кина не може да се преговара, соопштија во неделата од Пекинг, реагирајќи на изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека е подготвен да го преиспита овој принцип за да ги зајакне односите меѓу САД и Тајван.
„Начелото на една Кина е политичкиот темел на кинеско-американските односи и за него не може да се преговара. Во светот има само една Кина, Тајван е неоттуѓив дел од кинеската територија и владата на Народна Република Кина е единствената легитимна кинеска влада“, предупреди Лу Канг, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи.
Доналд Трамп во интервјуто за весникот The Wall Street Journal од петокот рече дека „за се ќе преговара, па и за политиката на една Кина“. Тој во истиот разговор го оправда телефонскиот разговор со тајванската претседателка Тцаи Инг-вен со фактот дека Вашингтон му продал на Тајпеј минатата 2016 година „најмодерна воена опрема во износ од две милијарди долари“.
Тајван е политички одвоен од Народна Република Кина од 1949 година кога на власт во Пекинг доаѓаат комунистите.
Но во има на „принципот една Кина“ Пекинг им забранува на своите партнери да одржуваат дипломатски односи со островот кој го смета за своја побунета покраина која мора, ако треба и со сила, да се врати во матицата
Кон крајот на декември, Трамп веќе се закани дека нема да го признава началото „една Кина“ поради кое Вашингтон во 1979 година ги прекина дипломатските односи со Тајван./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.