Компании
Регенеративна и предиктивна медицина – медицина на иднината
Најголемата европска банка за матични клетки од папочна врвца „CryoSave“ најавува иновативен развој, и како водечка интернационална семејна банка за матични клетки од папочна врвца најавува стратегија за влез во полето на предиктивната медицина и развој на регенеративна медицина, основање холдинг групација „Esperite“ и реорганизација на своето работење во три одделни компании – криопрезервација на крв и ткиво од папочна врвца „CryoSave“, протеомска и генетска предиктивна медицина – „Genoma“ и развој на регенеративна медицина – „Cell factory“.
Новиот менаџерски тим на групацијата „Cryo-Save“ најави имплементација на иновативна стратегија за раст и проширување со формирање на нова холдинг групација „Esperite“ во чиишто рамки ќе дејствуваат три одделни компании, и тоа, „CryoSave“, „Cell Factory“ и „Genoma“.
„Cryo-Save“, како најголемата семејна банка за матични клетки во Европа, продолжува со активности за чување матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца, и планира нивно проширување и зголемување. Аквизицијата на одделот за биотехнологија на „Salveo“, реномирана банка за матични клетки со седиште во швајцарска Женева, од страна на „CryoSave“ претставува прв чекор од стратегијата за проширување. Ова значи уште посилно позиционирање на „CryoSave“ како светски лидер во криопрезервација на матични клетки од папочна врвца. Растот и успешноста на компанијата се дополнителна сигурност на семејствата кои својата доверба веќе ја дале на „CryoSave“.
Фокусот на работење на компанијата „Cell Factor“y ќе биде развој на регенеративната медицина за поддршка на употребата на матични клетки од крв и ткиво од папочна врвца преку развој на клинички програми за третман на нарушувања на централен нервен систем, срцеви заболувања, лечење на рани и различни други клинички апликации. Групацијата „Еsperite“ најавува влез во протеомската и генетската медицина преку новоформираната компанија „Genoma“ којашто на почеток ќе понуди три корисни тестови за идните родители: Tranquility, неинвазивен пренатален тест за рано откривање на Дауновиот синдром со кој се избегнува ризикот од амниоцентеза, Verity, прецизен тест за рано откривање на 101 метаболно нарушување кај новородени за навремена превенција и терапија и Омега тест за откривање на ниво на омега тримасни киселини во крвта на трудницата односно во мајчиното млеко кои се исклучиво важни за психофизичкиот развој на детето.
„Би-МЕК“, канцеларијата на „CryoSave“ во Македонија наскоро ќе ги направи достапни овие услуги за сите идни родители во Македонија.
„Отсекогаш го гледав ’Cryo-Save’ како најдобра почетна точка за развој на групацијата ’Esperite’ и влез во предиктивната и регенеративната медицина, области во кои очекувам оваа компанија да прерасне во главен актер”, вели Фредерик Амар, извршен директор на холдингот./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

