Македонија
Царинската управа во 2016 остварила за 8,5 отсто повисоки приходи од предминатата година
Царинската управа на Република Македонија ја заврши 2016-та година со вкупно остварени приходи во износ од 72,9 милијарди денари, што претставува за 8,5 отсто, односно за 5,7 милијарди повеќе од приходите во 2015 година. Ова претставува значителен успех при наплата на давачките во надлежност на Царинската управа, а тоа се: давачки при увоз (царина, данок на додадена вредност, акцизи и надоместоци) и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет.
Во 2016-та година Царинската управа наплати за 5,5 проценти, односно за 3,8 милијарди денари повеќе од планираното за наплата. Односно, за 2016-та година беше планирано да се наплати 69,5 проценти од даночните приходи во буџетот на Република Македонија, а наплатени се 73,3 отсто од истите.
Во однос на реализираните приходи во 2015-та година, во 2016-та година остварено е значително зголемување на наплата на сите видови на давачки. Ова зголемување е остварено при зголемување на вредноста на увозот од само 1,8 отсто.
Износот на наплатени давачки по видови за 2016-та е:
– ДДВ: 42,1 милијарда денари, што претставува за 6,5 отсто, односно за 2,56 милијарди денари повеќе од наплатените во 2015-та година;
-Царина: 4,76 милијарда денари, што претставува за 9,9 проценти, односно за 0,4 милијарда денари повеќе од наплатените во 2015-та година;
-Акцизи: 25,4 милијарда денари, што претставува за 11,7 отсто, односно за 2,67 милијарди денари повеќе од наплатените во 2015-та година и
-Надоместоци: 0,68 милијарда денари, што претставува за 8,4 проценти, односно за 0,53 милијарда денари повеќе од наплатените во 2015-та година.
Успехот остварен при наплатата на приходите се должи на повеќе фактори, а пред се на зголемена финансиска дисциплина на сите учесници во трговијата. Бизнис заедницата континуирано се запознава со царинските прописи преку редовни состаноци на Советодавното тело на Царинската управа и состаноци со групации на компании по сектори.
Вакви состаноци Царинска управа организира на регионално и локално ниво, односно на ниво на царинарници. Кога компаниите ги познаваат прописите и сите нивни права и обврски при спроведување на царинските постапки, се намалува можноста за избегнување на плаќање на давачки. Исто така, многу е важна соработката со институциите кои вршат контрола на внатрешниот пазар, особено со Управата за јавните приходи и Државниот пазарен инспекторат. Навремената размена на податоци во голема мера спречува даночна евазија.
Значаен придонес има и подобрувањето на системот за управување со ризик на Царинската управа при увоз (насочени контроли), односно подобри резултати со помалку извршени контроли. Иако изгледа контрадикторно, со помал број на извршени физички и документарни контроли на стока во царинска постапка наплаќаме повеќе давачки.
Постепено, во последните две години, процентот на физички преглед на стока е намален од околу 30 отсто на приближно 8,5 проценти. Тоа е постигнато со подобрување на системите за управување со ризик, односно прецизно насочување на контролите кон ризичните пратки каде се можни неправилности. На овој начин се подобрува и управувањето со човечките ресурси со кои располагаме, но и значително се забрзува постапката за компаниите. Така, во 2014-та година, просечно време за спроведување на увозна постапка беше 89 минути, а во третиот квартал на 2016-та беше 62 минути.
Резултат дадоа и насочени контроли кај компаниите по завршена постапка, односно пост-контроли. Кога се контролира стока „на тркала“, односно во камион, се контролира една пратка. Кога се контролира работата на компанијата, се контролира целото работење на компанијата од царински аспект во подолг временски период, вообичаено за една година. Овие контроли континуирано се вршат и кај компаниите кои имаат одобренија за поедноставување на царинските постапки.
Подобрување на интерните контролни системи исто така придонесе за успешна реализација на наплата на давачките. Во Царинската управа долго време функционираат интерните контролни системи, чии носители се организациони единици (Секторот за професионална одговорност, Одделението за внатрешна ревизија, Секторот за контрола и истраги) или посебни тела во форма на комитети и работни групи. За наплатата на приходи, освен организационите единици, се грижат и Комитетот за следење на приходите и Комитетот за управување со ризик. На овој начин континуирано се следи состојбата со наплатата на буџетските приходи и се преземаат мерки за утврдување на причините и надминување на евентуалните проблеми при наплата на приходите./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

