Регион
Тачи: Србија е подготвена да ги жртвува српските граѓани на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи во изјава за Радио Слободна Европа вели дека провокациите на Србија кон Косово се дел од „старото сценарио за поделба на еден дел од Косово“.
„Србија смета на помошта на Русија и поради тоа еден воз од Русија тргна од Белград кон Косово. Ништо не е случајно, се е веќе испланирано“, рекол тој.
Заканите за војна се најдобар доказ за постоењето на ова сценарио во Србија, кое за цел има анексија, а потоа и одвојување на еден дел од Косово.
„Единствената закана за косовските Срби е кога Србија ги употребува за реализација на своите цели. Србија е подготвена да ги жртвува српските граѓани на Косово поради своите политички и воени цели, како што го правеше тоа во Хрватска и во Босна и Херцеговина“, рекол косовскиот претседател.
Тој додал дека смета оти зборот „војна“ треба да се извади од националистичкиот речник во Србија. „Србија денес и се заканува на Хрватска, БиХ, Црна Гора и Косово. Стана адреса од која тргнуваат закани за мирот и стабилноста на западен Балкан“, рекол Тачи, додавајќи дека заканите со војна од страна на српското раководство треба да ги загрижат сите, а особено НАТО и ЕУ.
„Без оглед на оваа напната состојба, ја повикувам Србија на дијалог и на соработка. Доколку Србија повикува на војна, Косово повикува на мир. Доколку Србија повикува на територијална поделба, Косово повикува на интеграција во ЕУ и НАТО“, додал тој./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин