Македонија
Продолжува судењето на началникот на Петта управа Грујевски
Продолжува судскиот процес против поранешниот началник на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски за случајот кое Специјалното јавно обвинителство го покрена против него, а е познат како „Тврдина 2“.
Груејвски и уште шест архивски работници во Управата за безбедност и контраразузнавање се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција.
Судот на претходното рочиште го задолжи Специјалното обвинителство да обезбеди дозвола од УБК за да ги користи доказите кои биле класифицирани. Тимот на Катица Јанева информираше дека добил одговор од тајната полиција, но не кажаа каков. Ќе и’ го предале на судијката за таа да одлучи дали на доказите ќе им се тргне префиксот „тајни“ и дали тие и ќе се користат во судскит процес.
Ова беше првото обвинение кое го поднесе Специјалното јавно обвинителство, откако претходно обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека СЈО располага со доволен број докази од кои основано може да се очекува донесување на осудителна пресуда.
„Првообвинетиот во својство на службено лице во Петтата управа при УБК незаконито формирал комисија за ништење на службена документација и заедно со шесте членови на комисијата уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат за системите за следење на комуникациите. Во списите имало и класифицирани документи“, рече Фетаи на прес конференцијата на 15 септември минатата година.
Според обвинението, тие без никаква процедура за ништење ги запалиле списите на локација која им била посочена од началникот Грујевски. Уништени се и класифицирани информации без уништувањето да биде извршено на начин кој ќе овозможи понатамошно обновување на класифицираниот материјал.
Судењето го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање поради нејзиното спомнување во таканаречените „бомби“ коишто минатата година ги објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев. Кривичниот суд го одби барањето на СЈО со образложение дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.
Специјалното јавно обвинителство досега отвори девет истраги и поднесе две обвиненија. Осомничени се десетици лица, актуелни и поранешни државни и локални функционери, а 21 лице се обвинети. Сите истраги се на буквата Т, Таргет, Титаник, Тортура, ТНТ, Транспортер, Тврдина, Трезор, Топлик и Тендери./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

