Контакт

Европа

Антонио Тајани нов претседател на Европскиот парламент

Објавено пред

Досегашниот потпретседател на Европскиот парламент, Антониот Тајани од Европската народна партија (EPP) е новиот претседател на Европскиот парламент, откако победи во четвртиот и решавачкиот круг од гласањето во вторникот вечерта со поддршка од 351 пратеник, додека неговиот конкурент социјалдемократот Џани Питела (S&D) освои 282 гласови и 80 воздржани од 751 пратеник.

dobivaj vesti na viber

Сега со Антони Тајани на чело на Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер на Европската комисија и Доналд Туск на Европскиот совет, Европската народна партија (EPP), всушност во целост ќе раководи со Брисел, како и американските републиканци по инаугурацијата на Доналд Трамп во петок кои суверено ќе владеат во Вашинтон, имајќи го мнозинството Претставничкиот дом и во Сенатот, и новиот станар на Белата куќа.

Генералните оцени во Стразбур се дека изборот на Тајани бил гарантиран оној момент кога се договорија челникот на ЕРР, Манферд Вебер, и лидерот на Сојузот на либералите и демократите за Европа (ALDE), поранешниот белгиски премиер, Ги Вергофштад, кој ја повлече својата кандидатура во полза на новата коалиција.

Вебер беше потполно уверен во победата, а за медиумите изјави дека нивниот пристап секогаш бил „да се градат мостови и склучуваат партнерства“. „За жал, Питела и другите сакаа борба, сакаа да се одвојат и да создадат поделби“, рече Вебер.

Во договорот на EPP и либералите, коешто предизвика негодување на социјалдемократите, се истакнува дека „Европа е во криза, и е важно заеднички да се работи за да се спречи деструктивното дејствување на националистите и популистите“.

„Националистите и популистите од сите бои се трудат да ја уништат Унијата однатре и однадвор (…), оттаму EPP и ALDE, и покрај своите разлики, одлучивме заедно тесно да работиме и да понудиме платформа како почетна точка на оваа проевропска соработка. Ги повикуваме сите други проевропски сили во парламентот да се придружат на иницијативата и да ги додадат своите идеи и приоритети на нашата реформска агенда“, го објасни својот потег за коалицирање Верхофштад.

„Со новиот американски претседател Доналд Трампи и рускиот претседател Владимир Путин и другите предизвици во Европа, клучно е да соработуваме на реформирање на Унијата“, порача поранешниот белгиски премиер.

Во Стразбур беше кажано дека четирите теми околу кои се согласиле двете групи се: иднината на Европската унија која е разнишана но не и загрозена, вработувањето и трговскиот раст, трговските договори Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) меѓу Европската унија и САД и договорот за слободна трговија на Европската унија со Канада, односно Сеопфатниот економски и трговски договор (Comprehensive Economic and Trade Agreement – CETА), безбедноста и одбранбената политиак.

Овие избори во ЕП ги одбележи крајот на коалицијата меѓу EPP и S&D околу поделбата на челните должности во Европската унија, чие раскинување го објави Питела порачувајќи во неговиот говор при претставувањето на кандидатурата дека „ние потребна јасност“, како и повлекувањето на кандидатурата на челникот на либералите Ги Вергофтшад и неговиот сојуз со „народњаците“. „Европа и нашата демократија имаат потреба под јасна поделба меѓу идеите“, изјави во вторникот Питела.

Антонио Тајани, поранешен офицер на италијанското воено воздухопловство и новинар на јавниот телевизиски сервис RAI и дневниот весник Il Giornale, вети претходно дека доколку стане претседател на ЕП „ќе го смени темпото“. Овој 63-годишниј четирипати е избиран за пратеник во ЕП. Беше шеф на пратеничката грипа на партијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони Напред Италија (Forza Italia) во ЕП о д1999 до 2008 година, а потоа беше комесар за транспорт, индустрија и претприемништво. Многумина и денес му забележуваат дека како комесар малку сторил за спречување на сандалот позната како „Дизелгејт“. Станува збор за скандалот од 2015 година со германскиот произведувач на автомобили „Volkswagen“ околу лажирањето на податоците за емисијата на штетните гасови во возилата со дизел мотори, што го откри Американската агенција за екологија.

Тајани го наследува на должноста социјалдемократот Мартин Шулц, кој се повлече за да учествува на германските парламентарни избори оваа есен. /крај/мф/сн

Европа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.

dobivaj vesti na viber

„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.

Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.

Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.

„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.

Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.

„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.

Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети

Објавено пред

Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.

dobivaj vesti na viber

„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.

Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.

Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95

Објавено пред

Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.

Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија7 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија8 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија9 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија9 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија10 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа11 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија11 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион12 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет12 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија12 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија13 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија13 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион14 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет14 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет14 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион15 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион16 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија1 ден

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија1 ден

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...