Контакт

Европа

Фукс: ЕУ нема да подлегне на притисоците на Британија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Михаел Фукс, главен економски советник на германската кацеларка ангела Меркел, го орфрли планот за „Брегзит“ на британската премиерка Тереза Меј, истакнувајќи  дека Брисел нема да подлегне на притисоците и нема да му дозволи на Лондон „да зема тоа што сака а да остава тоа што нејќе.“

 

Тој рече дека лидерите на ЕУ ќе бидат остри кон Велика Британија во време кога унијата се обидува да одврати други земји да одржат референдум или да поднесат нови барања.

 

Во изјава за Sky news Фукс рече дека говорот на Меј бил многу амбициозен но „на моменти делувал како бирање“.

 

„Не стекнав впечаток од нејзиниот говор дека таа сака да се одрекне од нешто и делуваше како бирање. Не може да јадете колач а да не сте платиле за него. Тоа е невозможно,“ рече Фукс, пренесува британскиот весник Daily Express.

 

Премиерката Меј изнесе стратегија за „експресен развод“ и рече дека Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар и дека нејзините приоритети се задржување н а контролата над државните граници и забавување на миграцијата. /крај/мф/вс

Европа

Зеленски објави колку заработил лани: приходите му се зголемени во однос на 2023 година

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави декларација за имотот, приходите, трошоците и финансиските обврски на неговото семејство за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Системот на задолжителни електронски изјави за имот за јавни службеници беше воведен во 2014 година како дел од борбата на Украина против корупцијата. Откако беше суспендиран на почетокот на војната, Зеленски потпиша закон во октомври 2023 година со кој се вратија задолжителните декларации, пишува Киев Индипендент.

Според последните податоци, приходот на семејството Зеленски во 2024 година бил 15.286.193 гривни (368.556 долари), вклучувајќи 8.585.532 гривни (207.000 долари) од продажба на државни обврзници. Останатите приходи се состојат од претседателската плата, банкарските камати и приходите од издавање на сопствен недвижен имот.

„Зголемувањето на приходите на семејството на претседателот на Украина во однос на претходната година се должи на продолжувањето на целосната исплата на киријата“, соопшти прес-службата.

„Немаше други значајни промени во имотот, недвижниот имот или возилата на семејството на претседателот минатата година“, додаваат тие.

Зеленски и членовите на неговото семејство пријавиле приход од 316.700 долари во 2023 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Единаесетгодишно девојче исчезна откако вчера влегло во реката Темза во Лондон

Објавено пред

Единаесетгодишното девојче кое исчезна откако вчера влегло во реката Темза во источен Лондон е именувано како Калија Коа, потврди полицијата.

dobivaj vesti na viber

Калија беше надвор и играше и влезе во реката во близина на аеродромот во Лондон Сити.

Итната помош била повикана на местото на настанот во 13 часот и 23 минути. по локално време, а во потрагата по девојчето се вклучени лондонската Брза помош, пожарникари, крајбрежна стража и спасувачка служба.

Метрополитенската полиција води операција за пребарување и спасување долж Темза.

Ден Кард, началникот на локалната полиција за североисточен Лондон, рече: „Нашите службеници специјалисти го поддржуваат семејството на девојчето во овој исклучително тежок момент, а нашите мисли се со сите погодени од овој настан. Посветени сме на наоѓање на Калија и, работејќи со партнерите, спроведуваме детална потрага на широк простор, користејќи беспилотни летала и чамци“.

Тој им се заблагодари на граѓаните, полицајците и другите служби за итни случаи за брзата реакција и големата операција за пребарување.

Една жена која се обидела да помогне, рече дека стигнала до брегот со појас за спасување, но не можела да го најде девојчето.

Кери Бенаџауд (62) изјави за новинската агенција PA дека децата трчале и викале дека нивната другарка е во реката.

„Ми се јави еден сосед. Тој рече дека повикал полиција и тогаш видел дека нејзините раце исчезнуваат под водата. Кога пристигнав со појасот за спасување, повеќе не ја видов“, рекла таа.

Прикажи повеќе...

Европа

Мелони застана во одбрана на Ле Пен: „Им се одземаат правата на милиони граѓани“

Објавено пред

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикува одлуката на францускиот суд со која ѝ се забранува на лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

dobivaj vesti na viber

„Не ги знам деталите за обвиненијата против Марин Ле Пен, ниту причините за ваквата сурова одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може да се радува на пресуда што ќе влијае на лидерот на голема партија и ќе ги лиши правата на милиони граѓани“, рече Мелони во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Мелони, која важи за најмоќниот десничарски лидер во Европа, со оваа изјава застана во одбрана на француската политичарка, која во понеделникот од парискиот суд беше прогласена за виновна за проневера на средства на Европската Унија.

Ле Пен е осудена на четири години затвор, од кои две ќе поминат под електронски мониторинг во домашен притвор, а две години се условни. Покрај тоа, таа е казнета со 100.000 евра и забрана за учество на избори во следните пет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија2 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски освен со сликање со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија2 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир е нормалзиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија2 часа

Град Скопје: Одржување на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност по населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија11 часа

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија13 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија14 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија15 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија16 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија16 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија17 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија18 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија19 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет21 час

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија21 час

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија22 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион23 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места, владее хаос

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија24 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет1 ден

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...