Регион
ЕУ чека изјаснување од Вучиќ и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Европската унија (ЕУ) сака Бриселскиот договор да продолжи на највисоко политичко ниво, што подразбира нови средби меѓу премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа до средината на февруари, но пред новата рунда Унијата од Вучиќ исто така сака да слушне кој ќе биде кандидатот на неговата партија СНС на претстојните претседателски избори, пишува српски Данас.
Весникот пренесува дека извори од Брисел навеле оти „ЕУ нималку не гледа благонаклонето на промотивниот српски воз до Косовска Митровица, ниту на неодамнешните изјави на Томислав Николиќ за евентуалното праќање на војска во Косово“.
Од Вучиќ исто така се очекува тој да се изјасни околу реториката на Николиќ откако ќе се врати од Економскиот форум во Давос до крајот на неделата, како и до февруари да обелодени кој ќе биде кандидатот на Српската напредна партија во претседателската трка.
Доколку Томислав Николиќ биде кандидат на СНС и социјалистите за претседател на државата, официјален Брисел ќе покаже уште поголема лутина кон Белград, а можно е едно такво сценарио да го забрза отворањето на поглавјето 31, кое се однесува на надворешната политика и безбедност, истакнуваат соговорниците на весникот.
Данас додава дека исто така не би требало целосно да се исклучи нити можноста Белград да го замрзне учеството во бриселските преговори доколку Николиќ биде претседателски кандидат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Инциденти по протестот во Белград: Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат, летаат јајца и шишиња по полицијата

Голема толпа народ не се повлекува од улиците на Белград иако студентскиот протест, преку кој испратија порака за предвремени парламентарни избори, заврши. Полициски кордони има насекаде и се обидуваат да ја потиснат масата луѓе. Граѓаните на многу места фрлаат со шишиња, лименки, камења и јајца по полицијата, се жалат дека се чувствува солзавец во воздухот, но велат дека нема да се откажат.
„Бевме пред кордонот полиција, во првиот ред. Петпати фрлија солзавец, но луѓето бришат солзи и не се откажуваат. Доста е страв, нема понатаму. Ова е нивен крај, не наш. Остануваме до крај“, вели за српската телевизија „Н1“ студентка која на протестот е со мајка си и не сака да си замине.
„Спуштете ги штитовите“ извикуваат граѓаните и не сакат да отстапат. Ставаат маски на лицата и пренесуваат повик „да не се откажуваме, се додека сме мирни, ништо не можат“.
Студентскиот протест на кој беа пренесени пораките за предвремени избори заврши мирно, а инцидентите почнаа во моментот кога студентите ги соблекоа елеците.
Регион
(Видео) Студентите на протестот во Белград ќе развеат знаме „какво што не се очекува“

Студентскиот протест во Белград почна со огромен број луѓе кои се уште се слеваат кон плоштадот Славија. Студентите за вечерва најавија дека ќе развеат знаме „какво што досега не е видено“. Откога почна протестот тие на социјалните мрежи објавија кусо видео од последните подготовки за изнесување големо знаме на улица со најава дека „тоа ќе биде знаме кое не сте го очекувале“.
Biće to zastava koju niste ocekivali pic.twitter.com/qeFNGlGmHD
— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) June 28, 2025
Протестот е предвидено да заврши во 21 часот кога истекува рокот кој студентите го дадоа на власта за распуштање на Народното собрание распишување предвремени парламентарни избори како и растурање на протестот во Пионерскиот парк каде некои студенти на контрапротест три месеци кампуваат и бараат продолжување на универзитетската година. За се што ќе се случува по 21 часот, студентите кажаа дека не се надлежни, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево рече дека очекува насилство, токму во периодот од 21 до 22 часот.
Регион
Плоштадот Славија во Белград се преполни, реки луѓе доаѓаат од сите страни на видовденски протест

Под слоганот „Се гледаме на „Видовден“ попладнево плоштадот Славија во Белград, Србија се преполни луѓе. Српските медиуми јавуваат дека реки народ се уште доаѓаат кон плоштадот од сите страни на државата.
Студентите, поддржани од огромен број граѓани имаат две барања од властите. Првото барање е распуштање на Народното собрание и распишување предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е да прекине протестот на некои од студентите кои бараат продолжување на универзитетската година и три месеци кампуваат во Пионерскиот парк во центарот на Белград.
Студентите кои го организираат протестот најавија дека тој ќе трае три часа, треба да заврши во 21 часот и се огласија за ненадлежни за се што ќе се случува по 21 часот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека очекува насилство на протестот кое ќе почне меѓу 21 и 22 часот.