Филм
Почнува 33-от Санденс филмски фестивал, Бланшет со 13 улоги во еден филм

Најголемиот американски фестивал на независниот филм Санденс во четвртокот по 33-тие пат ќе биде отворен во Парк Сити, кој во овој период од годината станува престолнина на светската независна продукција, а куриозитет е Кејт Бланшет која во филмот „Манифест“ има тринаесет улоги.
Имајќи предвид дека фестивалот ги промовира квалитетниот и некомерцијалниот филм, како и новите таленти, Санденс на многумина авторите им е омиленото место за промоција на новите филмови и сигурен пат за создавање на репутацијата во филмскиот свет.
Оваа годна во Парк Сити ќе бидат прикажани 120 долгометражни филмови од триесетина земји, а меѓу режисерите има четириесетина дебитанти, од што дваесет во натпреварувачката програма.
Филмовите се избрани меѓу 14.000 пријавени остварувања, меѓу кои имало четири илјади долгометражни и речиси девет илјади кусометражни. Половината од долгометражните филмови доаѓаат од САД, а другите се од странство.
Имајќи го предвид големиот број светски премиери, оваа година ќе ги има дури 103, овој фестивал како првиот поголем во календарската година, често укажува кои филмови годинава би можеле да бидат успешни и добитници на филмските награди, вклучително и најзвучните Оскарите.
Основачот на фестивалот Санденс, прославениот американски актер и режисер Роберт Редфорд, изјави по повод на почетокот од фестивалот дека независните автори својата страст, креативност и енергија ги насочуваат на раскажувањето на своите приказни и откривање на новите области.
„Годишниот фестивал го отсликува чекорот на тоа патување и покажува ако уметноста може да придвижи, да поттикне и да ги поврзе луѓето ширум светот“, додаде Редфорд.
Фестивалот вообичаено носи низа драми, трилери, хорори и комедии, необични експерименти и важните документарци, кои допрва го бараат својот пат до публиката.
Се смета дека вниманието на публиката ќе го привлече филмот „Манифесто“, на Џулијан Резефлдт, во кој Кејт Бланшет толкува тринаесет различни улоги од секојдневниот живот, цитирајќи некои од најпознатите дело на различните уметнички манифести.
Програмата на премиери го носи и камерниот филм „Beatriz at Dinner“ на Мигуел Артетат, со Салма Хајек во насловната ролја, и повоената приказна „Mudbound“, на Ди Риз, настаната според романот на Хилари Џордан. Тука е и метафизичкиот трилер „ Discovery“ на Чарли МекДоуел кој истражува што луѓето би сториле кога би постоел дога за живот по животот, а во кој глумат Роберт Ретфорд, Џејсон Сегел, Руни Мара.
Филмот „ Rebel in the Rye“ на Дени Стронг потсетува на животот на еден од најголемите писатели во XX век, Џером Дејвид Селинџер, од неговиот почеток на писателската кариера и бурната врска со младата старлета до учеството во Втората светска војна и создавањето на неговото култно дело романот „Ловец во житото“(The Catcher in the Rye).
Гостите ќе имаат можноста на големото платно повторно да ја видат Мишел Фајфер, во филмот„ Where Is Kyra?“ на Еднрју Досанму, во кој глуми покрај Кифер Сатерелнд.
Како можен хит во уметничките кругови меѓи премиерите е најавен филмот „Call Me by Your Name“ на Лука Гвадањан, кој го следи сексуалното будење на еден 17-годишник на семејното летување во италијанска вила. Ќе бидат прикажани и филмовите „A Ghost Story“ на Дејвид Лоувери, приказна за жена којашто ја прогонува поранешниот љубовник, во која играат Кејси Афлек и Руни Мара, и комедијата „Landline“ со Џон Тарар и Еди Фалко.
Програмата под наслов U.S. Dramatic донесува светски премиери на американските филмови, меѓу кои се и „Yellow Birds“ на Александер Мурс, драмата за последиците од војната, не само за оние кои заминуваат да се борат, туку и за оние кои ги чекаат дома, како и „Crown Heights“ на Мат Раскин, втемелен на вистински настави од 1980-те за човек лажно обвинет за убиство.
Филмот „Ingrid Goes West“ со Обреј Паза во главната улога, е црна комедија за нестабилна и опсесивна млада жена во Лос Анџелес, за да ѝ се доближи на ѕвезда од социјалната мрежа Instagram, додека „ The Hero“ на Брет Хејли е уште едно режисерско истражување на стареењето.
Документарната програма, пак, и годинава е посветена на актуелните светски проблеми. Со 14-те филмови Санденс во оваа програма посветува посебна тема на климатските промени, а иако Редфорд секогаш инсистираше на неполитичност на фестивалот, овојпат не можеше да го заобиколи сеприсутниот Доналд Трамп.
Во филмот „Trumped: Inside the Greatest Political Upset of All Time“, ги прикажуваат настаните од заднината на претседателската кампања на Трамп и неговата неочекувана победа над Хилари Клинтон.
И пред самиот почеток на фестивалот интересот го предизвика филмот „An Inconvenient Sequel“, продолжување на со Оскарите наградениот документарец „Непријатна вистина“, која го следи поранешниот американски претседателски кандидат Ал Гор во неговите настојувања да го реши проблемот на климатските промени.
Меѓу документарците од годинешната програма се издвојуваат „ City of Ghosts“, на еден од денес најистакнатите документаристи Метју Хејнеман, кој ги покажува новите видови војување на групи анонимни активисти кој ги ризикуваат животите за да му се спротистават на џихадистичкото движење Исламска држава.
Интерес би можел д апредизвика и филмот на Брајан Канпенберг, „Nobody speak: Hulk Hogan, Gawker and Trials of a Free Press“ кој ја следи судската битка на контроверзниот професионален борач против таблоидот кој објави негова приватна снимка со секс.
Од меѓународните документарци се истакнува филмот ој ја прикажува секојдневната трагедија во Сирија, „Last Men in Aleppo“ на Ферас Фајад, посветен на луѓето кои додека сите бегаат во засолништа, трчаат кон местата на експлозиите за да ги спасат настраданите.
Приказната за сиромашното кинеско девојче кое сонува за подобар живот додека времето го минува на големите насипи од увозен пластичен отпад ја носи филмот „Plastic China“, а „Rumble: The Indians Who Rocked The World“ за непознатото влијание на индијанското наследство на некои од најуспешните светски музичари.
Ќе биде прикажан и филмот „Winnie“, комплексен портрет на контроверзната поранешна сопруга на јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела, која поради своите постапки во медиумите често беше критикувана и осудувана.
Фестивалот на свеченоста на 28-ми јануари ќе ги додели 28-те награди за најдобрите филмови, додека во краткометражните дела ќе бидат наградени на посебна церемонија на 24-ти јануари.
Минатогодишното издание на Санденс фестивалот привлече 46.600 посетители, а сојузната држава Јута заработи околу 143 милиони долари.
Произлезен од иницијативата на американскиот ветеран на актерството Роберт Редфорд, кој во 1981 година во Jута ја собра групата свои пријатели и колеги сакајќи да развие средина којашто ќе ја поттикнува независноста, откривањата и појавата на новите струи во американската филмска индустрија, Санденс претставуваше рампа за лансирање на кариерите на режисери како што се Стивен Содерберг, Пол Томас Андерсон, Дарен Аронофски и Квентин Тарантино.
Името на фестивалот е дадено во чест на ликот кој го толкува Редфорд во филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“. Институтот Санденс е непрофитна организација којашто ги поддржува независната филмска и театарска уметност во светот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Холивуд се збогува со Редфорд: „Замина еден гениј“

Веста за смртта на Роберт Редфорд го потресе филмскиот свет. Холивудската икона и основач на филмскиот фестивал Санденс почина денес, а бројни реакции од колеги и соработници продолжуваат да пристигнуваат.
Актерката Марли Матлин ја истакна неговата клучна улога во независниот филм. „Нашиот филм, CODA, го привлече вниманието на сите поради Sundance. А Sundance се случи поради Роберт Редфорд. Почина еден гениј“, напиша таа на социјалната мрежа Икс.
Film at Lincoln Center, исто така, му оддаде почит на легендата, нарекувајќи го „вистинска икона на големото платно, неуморен застапник на филмските режисери во подем“.
Our film, CODA, came to the attention of everyone because of Sundance. And Sundance happened because of Robert Redford. A genius has passed. RIP Robert. pic.twitter.com/nwttVD1GvL
— Marlee Matlin (@MarleeMatlin) September 16, 2025
Новинарот Пирс Морган се потсети на некои од неговите најпознати улоги. „Почивај во мир Роберт Редфорд, 89. Една од најголемите филмски ѕвезди на сите времиња. Вистинска холивудска легенда која глумеше во толку многу од моите омилени филмови: Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Sting, The Way We Were, All The President’s Men. Каква кариера, каков актер, каква тажна загуба“, рече тој.
Robert Redford has passed away. He was part of a new and exciting Hollywood in the 70s and 80s. Hard to believe he was 89.
— Stephen King (@StephenKing) September 16, 2025
Писателот Стивен Кинг го нагласи неговото влијание врз филмската индустрија: „Роберт Редфорд почина. Тој беше дел од новиот и возбудлив Холивуд од 70-тите и 80-тите години. Тешко е да се поверува дека имаше 89 години.“
Маријана Вилијамсон се осврна на неговите пошироки општествени придонеси. „Малкумина во својот живот направиле повеќе за да придонесат за американското општество од Роберт Редфорд. Во области од филмот до екологијата и политиката, тој ја користеше својата огромна моќ за да помогне во создавањето подобар свет“, напиша таа.
Бројни други познати личности, вклучувајќи ја и Роузи О’Донел, му оддадоа почит на социјалните медиуми.
Култура
Почина Роберт Редфорд

Почина актерот и режисер Роберт Редфорд. Имаше 89 години.
Редфорд, кој е најпознат по своите улоги во класици како што се „Butch Cassidy and the Sundance Kid“ и „President’s Men“ и кој ја оживеа американската независна кинематографија како член-основач на Филмскиот фестивал Санденс, почина во вторник наутро во својот дом во Јута.
Синди Бергер, извршен директор на фирмата за односи со јавноста „Rogers & Cowan PMK“, ја сподели веста во изјава за „Њујорк тајмс“. Таа рече дека Редфорд починал во сон, но не наведе конкретна причина.
Роберт Редфорд, роден како Чарлс Роберт Редфорд помладиот на 18 август 1936 година, во Санта Моника, Калифорнија, беше еден од најважните и најразновидните американски филмски уметници од втората половина на 20 век. Тој беше познат како актер, режисер, продуцент и основач на филмскиот фестивал Санденс, а неговата кариера траеше повеќе од шест децении.
Пораснал во семејство од средната класа – неговиот татко Чарлс бил сметководител, а неговата мајка Марта починала кога Роберт имал 18 години, што оставило длабок белег врз него. Како млад човек, бил склонен кон бељи и често запаѓал во неволји, но откако добил стипендија за студирање уметност на Универзитетот во Колорадо, почнал посериозно да размислува за својата иднина. Се откажал, патувал низ Европа и живеел некое време како млад уметник во Париз и Фиренца. По враќањето во Соединетите Држави, се запишал на часови по глума на Американската академија за драмски уметности во Њујорк, што го означило почетокот на неговата актерска кариера.
Најпрво, Редфорд се појавуваше на телевизија и во театарски претстави, а привлече пошироко внимание со својата улога во бродвејската претстава Sunday in New York. Својот прв значаен филмски успех го постигна со улога во комедијата Barefoot in the Park (1967) со Џејн Фонда, а светска слава стекна со вестернот Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), во кој глумеше заедно со Пол Њуман. Филмот стана култен класик и му ги отвори вратите кон светот на најголемите холивудски продукции.
Нивниот втор заеднички филм, криминалистичкиот трилер The Sting (1973), му донесе номинација за Оскар и го потврди неговиот статус на ѕвезда.
Врв на кариерата
1970-тите и 1980-тите беа врвот на неговата актерска кариера. Редфорд глумеше во филмови како што се The Candidate (1972), All the President’s Men (1976), кој следеше по скандалот Вотергејт, и Out of Africa (1985) со Мерил Стрип, кој ја освои наградата Оскар за најдобар филм.
Покрај глумата, тој почнал и да режира – неговото режисерско деби Ordinary People (1980) му донесе Оскар за најдобар режисер и го потврди како автор со одлично разбирање на човечката психологија и сложените семејни односи.
Покрај неговата филмска работа, Редфорд беше познат по своите придонеси во независното кино. Тој го основа Институтот Санденс и го лансираше Филмскиот фестивал Санденс, кој стана најважната платформа за млади и независни филмски режисери во Соединетите Американски Држави. Неговиот активизам се прошири и на областите на екологијата и човековите права – со години се залагаше за зачувување на животната средина и поддржуваше прогресивни социјални иницијативи.
Својот приватен живот го држеше што подалеку од јавноста. Беше во брак со Лола Ван Вагенен од 1958 до 1985 година и имаа четири деца, иако изгубија едно дете на рана возраст. Во 2009 година, се ожени со Сибил Сагарс, германска уметница.
Се смета за еден од последните големи актери од „златната ера“ на Холивуд, кој успеа да ги комбинира комерцијалниот успех и уметничкиот интегритет, оставајќи зад себе неизбришлив белег како актер, режисер и културен визионер.
Култура
„Галичник филм фестивал“ од 1 до 3 август

Галичник Филм Фестивал го најавува своето шесто издание, кое ова лето ќе донесе 35 внимателно одбрани филмови од целиот свет во – Галичник.
Од 1 до 3 август, во срцето на планината Бистра, фестивалот ќе биде место на среќавање за автори и публика, за смели идеи и длабоки емоции, за традиција и современост. Оваа година, програмата ќе понуди филмови што го преиспитуваат светот, што допираат длабоко, што зборуваат гласно – и тивко.
„Галичник не е само локација – тоа е став, историја и инспирација што се прелива на големо платно,“ вели директорката на фестивалот, Јана Пауноска. „Горди сме што токму тука ги прикажуваме овие 35 филмови – на место каде што секој камен има приказна, а секој залез изгледа како последен кадар.“
Се додава дека фестивалот годинава се случува без поддршка од Агенција на филм, но со огромна верба – во филмот, во местото, и во луѓето што не се откажуваат.
Целосната програма е објавена на: [www.galichnikfilmfestival.com]