Свет
Трамп ги запраша демонстрантите зошто не гласале на изборите
Американскиот претседател Доналд Трамп запраша во неделата зошто неговите противници, кои масовно протестираа против него во саботата, не гласале на претседателските избори на 8-ми ноември.
„Ги гледав протестите вчера, но мојот впечаток е дека штотуку имавме избори! Зошто овие луѓе не одеа да гласаат?“, напиша на Twitter новиот американски претседател Доналд Трамп.
Исто така истакнува дека „славните личности силно ѝ наштетиле на својата работа и цел“, имајќи предвид дека низа познати актери и музичари земаа учество во протестите против него.
Притоа Трамп посочуца дека „мирните протести се одлика на демократијата“.„Иако не секогаш се согласувам, јас секогаш го признавам правото на луѓето да го изразат своето мислење“.
Повеќе од два милиона лица, најмногу жени, според организаторите во саботата ширум САД учествувале на „Маршот на жените“, против Доналд Трап. Слично протести беа организирани и во другите делови на светот.
Во Вашингтон неколку познати личности настапија во поддршка на демонстрантите, режисерот на документарците Мајкл Мур, актерите Америка Ферера и Скарлет Јохансен, пејачките Алиша Кеј и Мадона која неочекувано се појави на бината повикувајќи на „револуција на љубов“.
Претходно Трамп ги критикуваше и медиумите дека известувале намерно погрешно за бројот на присутни на неговата претседателска инаугурација во петокот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење
Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.
Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.
„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска
Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.
„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.
Liftoff! pic.twitter.com/4iQmX6dSF8
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.
Falcon 9’s first stage lands on LZ-2 pic.twitter.com/63yup6zvUT
— SpaceX (@SpaceX) December 9, 2025
Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.
Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.
фото: unsplash
Свет
Трамп: „Царина“ е мојот омилен збор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „царина“ е неговиот омилен збор, објавуваат американските медиуми.
„Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Ја сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, објавува „Њујорк пост“.
Тој додаде дека неговата царинска стратегија „носи стотици милијарди долари“ во САД, според американскиот весник.
Трамп рече дека работниците во челичарницата, особено во Пенсилванија, добиваат подобри резултати благодарение на неговата царинска стратегија.
„Доколку немаше царини, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД и тоа би било навистина лошо за националната безбедност“, рече Трамп.
Фото: Депозитфотос

