Црна хроника
Изгореа работилница за брикети и семејна куќа

Во неделата во Скопје, изгоре работилница во скопски Бутел, а во опожарена куќа во Радовиш, сопственичката вдишала чад.
Според соопштението од полиција, во 23.20 часот во Скопје на ул. „Бутелска-7“, во лимен објект – работилница за изработка на брикети, сопственост на Д.Н.(31), избувнал пожар во кој бил опожарен целиот објект.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид се вршеше во понеделник.
Ноќта во понеделникот пак, во 1.35 часот во Радовиш, на ул. „22 Октомври“, во куќа сопственост на М.Р.(75), од засега непознати причини, избувнал пожар при што изгорела покуќнината од собата во која спиела М.Р. Таа била префрлена во Медицинскиот центар Штип поради вдишан чад. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а увид ќе се вршеше во понеделник./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.