Контакт

Надворешна политика

ПССЕ: Изборите беа суштински чекор во решавањето на длабоката политичка криза

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември беа суштински чекор во решавањето на длабоката политичка криза која траеше две години, при што главните политички сили се согласија на серија законски и институционални промени за да се обезбеди рамноправно учество на овие избори, се вели во заклучоците на ПССЕ по набљудувачката мисија на изборите во Македонија, пренесува МИА.

 

Штефан Шенах, кој ја предводеше делегациајта на ПССЕ во Македонија, потсети на контекстот во кој се одржаа изборите, поточно на политичката криза која траеше две години, по бојкотот на Парламентот од опозицијата, и масовната интервенција на Еропската унија која доведе до напредок со измени во Владата, формирањето на СЈО, амнестијата.

 

„Се досега не е создадена влада и тоа не загрижува, ние како Совет на Европа треба да го следиме тоа“, рече тој. Во заклучоците на ПССЕ се посочува и дека основните прашања, како што се запишувањето на гласачите и медиумите, се уште треба да се решат трајно.

 

„Кампањата беше конкурентна, но таа се одржа во клима која се карактеризира со недоверба на јавноста во институциите и во политичкиот естаблишмент, и сомневањата за притисок врз гласачите. Изборната администрација, работеше многу на подготовките за изборите и не ги испочитува сите рокови, но на денот на изборите тие беа општо добро спроведени и поминаа без поголеми инциденти“, се вели во заклучоците.

 

Во нив се оценува и дека правната рамка генерално е погодна за спроведување демократски избори. „Значителното подобрување на изборното законодавство во 2015 година дозволи да се следат претходните препораки на ОДИХР/ОБСЕ и Венецијанската комисија. Дополнителните измени во 2016 година воведоа привремени механизми за меѓупартиски надзор на клучните аспекти на изборниот процес. Сепак, некои препораки не беа следени или пак се нејасни или во конфликт со други закони. Покрај тоа, додека процесот на реформи ужива поддршка од четирите најголеми политички партии, одлуките беа носени и под притисок на времето и без консултација со заинтересираните релевантни изборни страни“, стои во заклучоците на ПССЕ.

 

Подготовките на ДИК за изборите, се наведува во заклучоците, биле попречени од неефикасната внатрешната организација, со што се политизирале одлуките и биле скратени законските рокови.

 

„Неколку рокови беа пропуштени и некои постапки не се разјаснети. Активностите на ДИК не беа секогаш транспарентни, бидејќи нејзините состаноци често се одржуваат на затворени седници и таа секогаш не ги објавиуваше своите одлуки. Комисиите на пониско ниво обично работеле на професионален начин, иако некои од нив немале соодветни простории, навремено финансирање и опрема“, вели ПССЕ во заклучоците.

 

Посочува дека вкупно 1.784.416 гласачи се регистрирани во Македонија и оти за решавање на долготрајната недоверба во точноста на избирачкиот список, за прв пат ДИК ги разгледувала гласачите регистрирани со пресекување и проверка на повеќе бази на податоци и спроведување на теренски проверки.

 

„Спроведената контрола  не е гаранција за траен напредок бидејќи таа се однесуваше само на овие избори. Правните и структурни недостатоци за одржување на гласачките листи се уште треба да се решат. Процесот на ревизија ја подобри точноста на регистрираните гласачи, но се чини дека таа доведе некои граѓани да бидат лишени од можноста да гласаат на овие избори“, се вели во заклучоците.

 

Во нив се додава дека ДИК регистрирала шест политички партии и пет коалиции за овие избори. – Општо земено, никој не беше исклучен,  но регистрацијата со нејасните правни рамки, доведе до  одбивање на кандидатски листи на две партии врз некохорентна соснова.  Во согласност со подобрената квота за учество на жените, 41 процент од кандидатите беа жени, иако тие беа на врвот само на четири од 58 листи, посочува ПССЕ.

 

Во врска со медиумите се посочува дека медиумскиот пејсаж кој, како што велат од ПССЕ, е многу разнолик, е поделен по политички и етнички линии.

 

„Кандидатите можат да водат кампања во јавните и приватните медиуми преку слободно и платено политичко рекламирање. Јавните медиуми-јавниот сервис  во голема мера им обезбедија на кандидатите правична покриеност во вести. Некои од приватните медиуми покажаа пристрасност во корист на владејачката партија. Голем број соговорници на ММНИ, вклучувајќи и новинари, изразија загриженост во врска со самоцензурата и уредувачката независност, поради политичките и бизнис интересите ги фаворизираа владејачките партии. Во согласност со последните законски измени е забрането финансирање од владата на рекламирање и покривање на државните службеници за време на кампањата, значајните медиумските реформи предвидени во Договорот за Пржино треба допрва да се спроведат“, вели ПССЕ.

 

Во заклучоците се потенцира и дека темите поврзани со меѓуетничките односи се истакнале во кампањата, вклучувајќи институционални односи меѓу етничките Албанци и етничките Македонци.

 

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија активно бараше гласови од албанската етничка заедница, вклучително и од кандидатите од етничките Албанци. Известувањето на медиумите за кандидатите Роми често беше со стереотипи. Промените во законот и донесување на Правилникот на ДИК ги зајакна правните гаранции за решавање на споровите. Најголемиот дел од претставките до изборната администрација и судовите, сепак, беа отфрлени поради процедурална или правна основа. Управниот суд ја одржа својата расправи на затворена седница. Голем број на соговорници на ММНИ изразија загриженост во врска со независноста на судството. И покрај тоа што има подобрување во законот за спроведувањето на изборните постапки за решавање на споровите, сепак тоа не обезбеди целосен ефективен правен лек“, се вели во заклучоците./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 час

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 час

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Македонија1 час

„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ

„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со...

Регион2 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет3 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет3 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет4 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа4 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија20 часа

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија21 час

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија22 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија22 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија23 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа24 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија1 ден

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...