Свет
Трамп го потпиша указот за излегување на САД од TTP
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во понеделникот указот со кој САД се повлекуваат од трговскиот договор за Трансатлантското партнерство (TTP).
Американската телевизиска мрежа NBC News извести повикувајќи се на извори од Белата куќа, дека Трамп ќе преземе чекори за почнување на преговори за постигнување трговски договори индивидуално со секога земја потписничка на договорот ТТР
Потпишувајќи го указот во Овалниот кабинет, Трамп го опишал тоа како „нешто прекрасно за американските работници“.
Договорот за Транспацифичкото партнерство, кој беше постигнат под водство на САД откако во 2008 година започнаа преговорите за него, беше потпишан во февруари минатата 2016 година од претставниците 12 земји и вклучува создавање широка зона на слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион. Договорот го потпишаа Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам. Начелниот договор за формирањето на овој трговски блок беше всушност постигнат во октомври 2015 година во Атланта.
Со Договорот за транспацифичко партнерство (TTP) требаше да се отстранат пречките во трговијата и вложувањата меѓу членките потписнички, вклучително и САД и Јапонија, коишто со 40 отсто се застапени во светската економија.
Администрацијата на довчерашниот претседател Барак Обама го сметаше овој договор како една од главните мерки за економско спротиставување на Кина, која не е потписник на ТТР. Сепак, Конгресот на САД, каде што републиканците и пред освојувањето на Белата куќа имаа мнозинство, не го ратификуваа овој документ, со што договорот практично и не стапи на сила.
Новиот американски претседател Доналд Трамп во текот на кампањата веди дека ќе иницира излегување на САД од договорот, веднаш по преземањето на функцијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.
Свет
Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово
Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.
„Да се биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.
Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.
„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.