Регион
БиХ: Нападнат имамот кој ја осудува Исламската држава

Имамот од Исламската заедница во Босна и Херцеговина, познат по своето спротиставување на регрутирањето на момчиња од БиХ за војување на страна на сунитската џихадистичка организација Исламска држава (IS), e нападнат и тешко повреден со нож, а полицијата спроведува истрага за откривање на напаѓачот, објави во вторникот сараевскиот весник Dnevni avaz на својата интернет страница.
Селведин Бегановиќ, имам од селото Трнови крај Велика Кладуша во северозападна Босна, бил нападнат во понеделникот навечер. Тој во исказот посведочил дека бил нападнат од маскирано лице коешто со нож го повредило во левото раме и во дланката.
„Кога тргна да ме забоде во стомакот, успеав да се одбранам и му зададов еден одбранбен удар со шаката, по што се затетерави и побегна“, изјавил Бегановиќ. Потврдил дека полицијата брзо реагирала на неговиот повик, а во локалниот здравствен дом му ја пружиле сета потребна помош.
Багановиќ претходно во отворено писмо објавено во медиумите ги осуди повиците на Билал Босниќ, имам од блискот село Бужиме, упатени до муслиманските момчиња во БиХ да и’ се придружат на Исламската држава и да се вклучат во воените судири во Сирија и во Ирак.
Весникот потсетува дека Бегановиќ уште тогаш станал цел на постојани вербални напади од страна на радикалните исламисти, коишто му го запалиле автомобилот и му упатуваа закани дека ќе му ги убијат децата.
Бегановиќ изјави дека е убеден оти токму таквите личности стојат и зад последниот напад врз него. „Се сомневам и кој ме нападна, но полицијата нека си ја работи својата работа, а јас продолжувам да си ја извршувам својата должност“, рекол.
Имамот Билал Босниќ во моментов е во притвор откако во септември беше уапсен во рамките на приведување поголема група негови приврзаници под сомнение дека поттикнувале терористички активности. Од Обвинителството на БиХ најавија дека наскоро може да се очекува подигнување обвинение за овој случај./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.