Компании
Тодор Сејзов нов извршен директор на Винарија Сковин
По заминувањето на Перо Моцан, на почетокот од мај за нови извршен директор на „Винарија Сковин АД“ е назначен Тодор Сејзов, дипломиран економист со долгогодишно искуство на управувачката позиција директор на продажба во Лотарија на Македонија.
„Новата функција е уште еден нов, голем предизвик во мојата професионална определба. Македонија има огромен потенцијал за развој на винскиот сектор како во рамките на нашата земја така и во регионот па и пошироко. Секако дека Сковин е веќе докажан бренд и подолг период извезува вино во Европа, Русија, Јапонија и Канада“, изјави Сејзов по назначувањето на челната функција во винаријата.
Како свој приорите го истакна пробивањето на нови пазари и запознавањето на културата и навиките на тамошното население што на „Сковин“ како компанија „ни дава дополнителен стимул и желба за работа и адаптирање на нашиот финален производ во согласност со барањата и потребите на крајниот конзумент“.
„Во моментов сме во преговори за проширување и освојување на поголем дел од кинескиот пазар. Во однос на домашниот пазар новина е соработката со нашиот нов дистрибутер Гемак, а исто така и морам да споменам дека Сковин АД во целост ги исплати лозарите и со тоа ја испочитува законската обврска за откуп на грозјето предвидено до 30-ти април“, дополни Сејзов.
Новиот извршен директор на „Сковин“ потенцираше дека тимот на винаријата е предводен од професионални енолози кој „секогаш успева да понуди нови и квалитетни вина“,
„Во контекст на ова ќе го споменам последното пенливо вино ‘Сковин Пенливо’ кое го лансиравме на пазарот непосредно пред новогодишните празници. ‘Сковин Пенливо’ е добиено со примена на класична метода на производство што му дава врвен квалитет и неодолив вкус. Иновативноста на Сковин секогаш била нејзина предност, впрочем ние бевме првата винарија која излезе со брендирана ракија и првото пенливо вино, од 2003 година.)“, рече Сејзов./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

