Македонија
Катастарот ќе бара продолжување на рокот за елаборати за легализација

Петнаесет илјади геодетски елаборати неопходни за комлетирање документација за легализација на дивоградби не се доставени до општините до истекот на законскиот рок на крајот на минатата година поради што Катастарот ќе побара продлжување на рокот.
Податоците од геодетските фирми покажуваат дека до крајот на декември лани 5.000 елаборати иако биле изготвени не биле подигнати од странките. Десет илјади елаборати геодетските фирми не успеале да изработат затоа што барањата за нив биле поднесени пред истекот на рокот и немале доволно време.
„Катастарот ќе ја информира Владата за ваквата состојба секако со барање за продолжување на рокот за доставување елаборати за да се даде простор овие 10.000 елаборати да можат приватните геодетски фирми да ги изработат за да бидат доставени, а 5.000 елаборати граѓаните да ги подигнат и да ги достават до општините“, рече на прес-конференција директорот на Катастарот Славче Трпески.
Од март 2011 година кога започна процесот на легализација заклучно со 31 декември лани геодетските фирми примиле 240.000 барања за изготвување елаборати. Од нив 225.000 се изработени и се подигнати од странките.
Рокот за поднесување елаборати истече за барањата од граѓаните за легализација поднесени во првиот рок за таа можност во 2011 година. Тогаш беа доставени над 360.000 барања, а досега во Катастарот се запишани 170.000 легализирани објекти.
Точната бројка на граѓаните кои воопшто не поднеле барања за изработка на елаборати, а побарале легализација, како што рече Трпески, ќе се знае откако ќе се вкрстат податоците на геодетските фирми и на општините. Од поднесените 360.000 барања можно е да има двојни или со еден елаборат да се бара да бидат опфатени повеќе објекти.
Во дополнителниот рок за доставување барања за легализација на почетокот на минатата година беа доставени нови 80.000 барања. Тие треба да бидат комплетирани со геодетски елаборати до крајот на годинава./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.
Македонија
Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде прифатено. Судиите треба да утврдат дали актот е јасен, правно издржан и поткрепен со доволно докази.
Постапката се одолговлекуваше поради тоа што дел од адвокатите на обвинетите не биле достапни за прием на документацијата, но сега, според судот, сите рокови истекуваат на 3 октомври.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од начинот на кој обвинителството ја води постапката и порача дека сите поврзани со случајот мора да одговараат. Од опозициската СДСМ, пак, обвинија дека власта ги штити своите функционери кои биле чести гости во дискотеката.
Во пожарот загинаа 62 млади луѓе. Паралелно се води и истрага за 29 полициски службеници, за кои сè уште се анализираат доказите.