Европа
Преживеаните деца под лавината си раскажувале приказни
Приказни и игри им помогнале на децата да ги преживеат двата пеколни дена во хотелот „Rigopiano“ урнисан и сосема покриен од снежната лавина во централна Италија, а деталите од нивното спасување ги пренесе весникот Il Messaggero.
Две момченца, 10-годишниот Едоардо ди Карло и 8-годишниот Самуел ди Микеланџело, играле билјард кога врз хотелот се урнаа 120.000 кубни метри снег, кои налетале на објектот со брзина од 100 километри на час.
Во воздушниот џеб кој се наоѓал отсечен од другиот дел на објектот, тие се нашле заедно со 5-годишната Лудовика, најмладата ќерка на готвачот Џампјер Парете кој успеал да ја спаси. Во соседната просторија биле неговата сопруга Андријана и 9-годишниот син Џанфилипо, кои беа излечено први по 40 часови минати под снегот и остатоците од објектот.
Како повозрасен, Самуел ја преземал врз себе одговорноста за помладите. Тој разговарал со Андријана и ѝ раскажувал приказни.
Состојбата на децата, според педијатрите, била сосема задоволителна и тие во понеделниот ја напуштија болницата. Како што пишува Il Messaggero, на сите преживеани им била укажана помош од психолози, и засега се избегнува да бидат прашувани за деталите за несреќата, за да не доживеат уште поголем стрес.
На 18-ти јануари вечерта, врз планинскиот хотел во планинскиот масив Гран Сасо во централна Италија се сруши лавина, предизвикана од серијата од четири силни потреси кои претходно истиот ден ја погодија областа.
Две лица се спасија, бидејќи во време на несреќата биле надвор од објектот, кој е затрупан под дебелиот слој снег, а неговата конструкција е поместена за десетина метри. Според процените на стручњаците, масата на лавината е еднаква со 40 натоварени камиони.
По 48 часа од несреќата спасувачките екипи објавија дека од под лавината извлекле пет лица, од кои четири се деца кои се водеа како исчезнати.
Една седмица по трагедијата, додека уште се води потрагата по исчезнатите, моменталната состојба е бројот на жртвите се зголеми на 18, а уште 11 лица се водат за исчезнати. Спасени се 11 луѓе, од кои четирите деца, вклучително и двајцата мажи кои кобната ноќ минатата среда во време на уривањето на лавината биле надвор од хотелот и се засолнале во нивните возила./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

