Македонија
Јанушев повика картичките за ЈСП да не се фрлаат туку да се надополнуваат
Граѓаните да не ги фрлаат неперсонализираните картички за возење со автобусите од јавниот и приватниот превоз во Скопје, туку да ги надополнуваат, апелираше директорот на ЈСП Скопје, Игор Јанушев, во петок, откако веќе неколку недели, граѓаните се жалеа дека не можат да си купат картички ниту на пунктовите за продажба, ниту во автобусите.
„Залиха на картички има и секојдневно се дистрибуираат по неколку пати во денот до сите продажни места“, рече Јанушев.
Тој потсети дека системот за автоматска локација на возилата и за електронска наплата во ЈСП Скопје и во автобусите на приватните превозници почна да се спроведува во август 2015 година. Од почетокот на 2016 година се пуштија првпат во употреба неперсонализираните картички.
„Во 2016 се продадоа нешто повеќе од 33.020 неперсонализирани картички. Врз основа на оваа продажба, се направија претпоставките и анализите колку картички треба да имаме подготвено за во 2017, каде ги вклучивме и приватните превозници. За таа цел беа подготвени повеќе од 150.000 картички. Од нив 30 илјади се продадоа само во првите три дена од јануари, а до крајот на првата недела од овој месец се продадоа 80 илјади картички. Заклучно со вчерашниот ден, имаме продадено околу 140.000 картички“, рече Јанушев.
„Ќе се отвори 31 ново продажно место, со што вкупната бројка на места на кои можат да се надополнат картичките ќе биде 56, не земајќи ги предвид седумте инфо центри каде можат да ги пријават изгубените пресонализирани картички, кои се блокираат и се плаќа надомест од 200 денари за нова картичка“, вели директорот на ЈСП.
„Ќе се отвори 31 ново продажно место, со што вкупната бројка на места на кои можат да се надополнат картичките ќе биде 56, не земајќи ги предвид седумте инфо центри каде можат да ги пријават изгубените пресонализирани картички, кои се блокираат и се плаќа надомест од 200 денари за нова картичка“, вели директорот на ЈСП.
Доколку се изгуби неперсонализираната картичка, потребно е со фискалната сметка граѓаните да пријават во инфо центрите за да немаат губење на средставата.
Двете главни промени кои ќе се воведат се со плаќањето преку мобилниот телефон, каде е забележана значителна бројка на неуспешни трансакции поради тоа што граѓаните не ја активираат услугата на уредот.
„Веќе имаме договор со фирмата за овој проблем ќе се реши со тоа што повеќе нема да има потреба за активирање на услугата, туку директно, со повикување на бројот 185, ќе се изврши трансакцијата, која воедно чини 40 денари“, изјави Јанушев.
Само овој месец, регистрирани биле 2.000 вакви трансакции. Досега, овој начин на плаќање можеше да се изврши само од корисниците на еден мобилен оператор.
„Од први март и корисниците на Оне.Вип ќе можат да плаќаат со нивните мобилни уреди“, одговори директорот.
Втората промена се уште не се знае кога ќе фунционира, но ЈСП планира да воведе електронски систем на надополнување и преглед на состојбата на картичките, услуга која се граѓаните ќе можат да ја искористат од нивните домови, а не да чекаат во редовите на продажните места и дистрибутерите.
„Сепак, билетот за десет возења може да се искористи во рок од две недели, поради тоа што граѓаните се привилегирани и едно возење чини 25 денари, односно вкупно чини 250 денари и затоа мора да има ограничување, а тие билети отсекогаш ги користеле оние луѓе кои секојдневно се возат јавниот превоз“, тврди Јанушев.
Граѓаните се уште имаат можност било кога да ги искористат петте возења ако купат билет до крајот на јануари, но за едно возење тие или ќе мораат да платат со нивниот мобилен уред или да купат картичка од 150 денари за две возења, а потоа да ја надополнуваат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во „Пошта“ како се пумпаат 300.000 евра годишно
Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните, изјава Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ.
„Одиме по ред. ‘Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ’ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.
А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.
И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.
„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.
Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.
Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.
Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова?
Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.
Почитувани,
Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.
Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?
Кој ќе одговара?
АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.
Работата не е завршена“, рече Димитријевиќ.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟦 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 22.12. до 28.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од ПОЦ.
Македонија
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила
Грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, извести АМСМ.
Како што претходно соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

