Регион
Српските партии спречија основање војска на Косово

Српските партии кои се во коалициската влада на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија сега Република Косово во која власта ја имаат мнозинските етнички Албанци, го спречиле во понеделникот формирањето вооружени сили војска на Косово, гласајќи против уставниот амандман кој требаше да биде упатен до Собранието на Косово.
Листата „Српска“ поставила четири услови за да гласа за трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во Вооружени сили на Косово, договорени при формирањето на коалицијата со Демократската партија на Косово (DPK) и Демократскиот сојуз на Косово (DSK), пренесуваат приштинските медиуми.
„Српска“ ниту за милиметар не отстапува од следните барања: формирање Заедница на српските општини, српската заедница да го именува директорот на тајната служба на Косово, заменикот командант на Безбедносните сили да биде од редовите на српската заедница, како и прекинување на процесот на приватизација во општините Брезович и Трепча, изјавиле партиски извори за белградските медиуми.
Официјален Белград, кој ја поддржува листата „Српска“, се противи на формирањето вооружени сили на Косово, тврдејќи дека тоа не е во согласност со резолуцијата 1244 на Обединетите нации од 1999 година, која сé уште е на сила и подразбира на Косово мандат на воена сила да имаат мировните сили на ОН – КФОР.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ уште во март на меѓународен безбедносен собир во организација на НАТО во Белград повтори дека Србија е против формирање војска на Косово, како и дека на таа тема треба да се разговара на ниво на Советот за безбедност на ОН. „Тоа може да има одредени последици за безбедноста во регионот, затоа што своевремено, кога е прекината војната на Косово и Метохија, беше предвидено таму единствена вооружена сила да бидат меѓународните сили, односно КФОР“, рече тогаш Дачиќ.
Во платформата со која Белград пред три години ги започна преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија, ставот на Србија беше дека треба да се одреди Косово како демилитаризирана зона, додека гаранти на безбедноста и демилитаризираниот статус на Косово би биле воените сили на ЕУ – ЕУРОКОРПС, Војската на Србија и Вооружените сили на Албанија.
Највисоките косовски функционери досега повеќепати го најавуваа формирањето на вооружените сили, но за тоа немаат поддршка од меѓународната заедница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.